Кичево
Да помогнеме во работната акција во манастир св.Ѓорѓија – с.Кнежино

Во договор со сестра Софија од истиот манастир и нејзин благослов 🙏 на ден петок 22.10.2021 год. со почеток од 11 часот ќе се работи на уредување на дворот на манастирот.
🌲🍁 Потребни ни се повеќе добронамерни луѓе за поефективно ивршување на планираното:
– двајца работници за косење на тревата во дворот со косачица,
– еден работник за косење со тример,
-двајца работници за потстрижување на тревата на одредени места со ножици,
-двајца работници кои ќе носат земја со количе,
-двајца работници кои ќе работат на изработка на алпинетум пред влезот на портата од манастирот од горна страна, 🌵🌲🍁🌴🌻
-двајца работници за плевење покрај патеката за во црквата, 🌱🌿
-двајца работници за плевење и прекопување на кружните паркчиња во дворот, 🌱🌿
Во преден план е ставање на бетонски ивичњаци покрај патеката за во црква од двете страни, и за истава работа имаме договорено човек кој ќе ја заврши работата.
Исто така имаме договорено и мало ицб машина за работа во дворот која ќе ни биде од голема помош.
Заинтересираните нека се пријават на овој тел. 📞 077 959 001
Нека Господ Бог и св. Ѓорѓија ни дава сила и нека биде со сите нас! Господи помилуј! 🙏
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Lifestyle17 часа
Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher
-
Хроника21 час
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (14 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година
-
Македонија2 дена
Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!
-
Спорт1 ден
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
-
Спорт2 дена
Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“