Следете не

Спорт

Австралиската држава Викторија ја отфрли можноста невакцинираните тенисери да играат на АО

Објавено пред

на

Австралиската држава Викторија, чиј главен град Мелбурн е домаќин на тенискиот грен слем турнир Австралија Опен, денеска ја отфрли можноста да им се дозволи на невакцинираните играчи да учествуваат на турнирот.

„Забрануваме невакцинирани луѓе да влегуваат во пабови, кафулиња, ресторани и на главниот стадион за крикет. Нема да бараме исклучок од оваа одлука. Значи, прашањето е суштински решено“, рече викторијанскиот премиер Ден Ендрјус.

Оваа најава на локалните власти доаѓа неколку месеци пред почетокот на Австралија Опен, традиционално првиот Грен слем во годината (17-30 јануари).

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави претходно дека на невакцинираните играчи ќе им биде дозволено да влезат во земјата доколку добијат изземање, за што државата Викторија треба да ги пријави.

Одлуките за визите и влезот во земјата ги носи австралиската влада, но за време на пандемијата на корона вирус, самите држави одлучуваа за сопствените правила во врска со влезот, како што се карантин или задолжителна вакцинација.

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, победникот на последните три турнири во Мелбурн и деветкратен шампион на тој Грен слем, претходно одби да одговори на прашањето дали е вакциниран против корона вирусот.

„Не знам дали ќе одам во Австралија, не знам што се случува. Ситуацијата не е добра во моментов“, изјави Ѓоковиќ на почетокот на овој месец.

Според АТП и ВТА организациите, вакцинирани се околу 65 отсто од тенисерите и повеќе од 60 отсто од тенисерките.

На овогодинешниот Австралија опен, тенисерите мораа да бидат во двонеделен хотелски карантин, а бројот на гледачи беше одреден на 30.000 гледачи дневно или 50 отсто од капацитетот.

Извор: Danas
Фото: Unsplash

Спорт

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Објавено пред

на

©porta.mk

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.

Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.

Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255

Фејсбук настан – ТУКА

Се гледаме во с.Староец!

Прочитај повеќе...

Спорт

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Објавено пред

на

ФОТО: Harlie Raethel @ Unsplash.com

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.

Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.

Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.

Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.

Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.

Прочитај повеќе...

Спорт

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.

Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.

Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија7 часа

ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба

На 04.07.2025 година во 01:25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското...

Lifestyle8 часа

Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена

Кујнските крпи се еден од најкористените, но и најчесто запоставените предмети кога станува збор за одржување на хигиената во домот....

Lifestyle8 часа

5 најчести митови за клима уредите – што е вистина, а што треба да промените во навиките?

Во денешно време, клима уредите се неизбежен дел од секој дом – особено за време на сè пожешките лета. Без...

Временска прогноза11 часа

Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните ...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за недела (6 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Скопје1 ден

Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот...

Временска прогноза1 ден

Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд

Викендов во Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка....

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (5 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Магазин2 дена

Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега

Поминаа речиси две години од лансирањето на првиот Apple Watch Ultra, а љубителите на паметни часовници со нетрпение го очекуваат...

Автомобили2 дена

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал,...

НАЈЧИТАНИ