Следете не

Свет

Првиот снег создаде хаос во Австрија: Затворен автопат кој ги поврзува Германија и Италија

Објавено пред

на

Првиот снег кој падна во текот на вечерта предизвика хаос синоќа и утринава и затворање на автопатот кој води низ превојот Бренер, на западот на Австрија.

Иако од 1 ноември на сила е обврската за возење со зимски гуми во случај на снег и мраз, голем дел од возачите се уште користат летни гуми, па се лизнале и со тоа го блокирале тој важен европски пат, кој ги поврзува Германија и Италија.

Поради многубројните автомобили кои не можеа да го продолжат патот, онеспособени се и возилата за чистење снег.

Во Австрија снег падна на над 900 метри надморска височина. Така, во Цилертал снежната покривка достигна еден метар, а од Екталерските Алпи до источна Штаерска, на планините има снег со дебелина од 30 до 50 сантиметри.

Порталот Planetski.eu пишува дека снегот паднал на Алпите во ноември и дека ќе има уште повеќе оваа недела. Веќе 19 скијачки центри имаат отворено некои терени во Европа и некои во САД.

Снег почна да паѓа за време на викендот во делови од јужните француски и западните италијански Алпи. Во некои области во првиот налет паднаа 30 сантиметри снег, а Planetski.eu додава дека температурите ќе паднат оваа недела со раниот почеток на значителни снежни врнежи.

Извор: Blic
Фото: Unsplash

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп12 часа

Хороскоп за недела (5 октомври)

ОВЕН Ќе бидете склони да се заљубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и приоѓате...

Спорт16 часа

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи. Уште една одлична фудбалска претстава на...

Кичево22 часа

(ФОТО) Директорот на БЈБ Јанев денес во посета на Кичево, Осломеј и Зајас

Во рамки на денешната работна агенда директорот на БЈБ г-дин Александар Јанев ги посети полициските одделенија во Зајас и Осломеј,...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (4 октомври)

ОВЕН Можно е денес да бидете под голем притисок и да не ви биде лесно сите задачи да ги извршите...

Фото: David B Townsend @ unsplash Фото: David B Townsend @ unsplash
Lifestyle2 дена

Трикот за совршено сварени јајца

Варените јајца се едни од наједноставните и најхранливи оброци – богати со протеини, витамини и минерали. Но, речиси секој барем...

Фото: Dev Benjamin @ unsplash Фото: Dev Benjamin @ unsplash
Lifestyle2 дена

Никогаш не ставајте ја оваа храна во замрзнувач

Замрзнувачот често е „спасител“ кога сакаме да зачуваме остатоци од јадење или да го продолжиме рокот на траење на храната....

Фото: Joshua Koblin @ unsplash Фото: Joshua Koblin @ unsplash
Автомобили2 дена

Ferrari неприкосновен: Профит од 118.000 евра по автомобил

Ferrari уште еднаш го потврдува статусот на најпрофитабилен автомобилски бренд во светот. Според финансиските резултати за првата половина од 2025...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин2 дена

YouTube тестира нов мобилен изглед – корисниците поделени

YouTube започна со тестирање на нов мобилен интерфејс и промените се толку драстични што веднаш предизвикаа поделени реакции. Некои корисници...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за петок (3 октомври)

ОВЕН Околу Овенот ќе владее мир и ќе донесе хармонија во вашиот дом. Можеби се расправате со член на семејството...

Кичево3 дена

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и кичевските села Вранештица, Цер и Црско, Кладник, Велмевци и Прострање.

„ЕВН Дистрибуција“ известува дека непланиран прекин на електрична енергија има на превој „Стража“, с.Вранештица, Цер и Црско, Кладник, Велмевци и...

НАЈЧИТАНИ