Следете не

Временска прогноза

Следува повеќе дожд особено во западните предели, заладување од недела

Објавено пред

на

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат особено во западните предели каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог. На планините ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира и снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа време на овој викенд времето ќе биде променливо облачно, а особено во западните предели ќе има врнежи од дожд и истите во недела доцна попладне и навечер ќе се прошират на повеќе места.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено на неои места ветерот ќе биде СИЛЕН со брзина од над 70 км/час), додека температурите на воздухот и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Во Скопскиот регион викендов времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Ќе има услови и за повремен слаб дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 16 степени.

Поголемо заладување на времето се очекува во почетокот од следната недела, кога освен на повисоките места и на планините, услови за врнежи од снег ќе има и на местата со помала надморска височина.

Вкупното количество на воден талог во следниот период и тоа особено во западните предели ќе надмине 40 л/м2 воден талог, додека на планините ќе се формира снежна покривка.

Автор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Pascal Dbrunner

Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.

Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.

Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.

Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.

Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Ладно на утро со температури под нулата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла  и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие  и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.

И во Скопје  и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските  и во ноќните часови ќе има појава на магла  и ниска облачност.

Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.

Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла  и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.

И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.

Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје2 часа

(ФОТО) Успешно реализиран првиот четиридневен „Startup Revolution AI Summit“ во Скопје со над 1200 учесници од регионот и пошироко

Четиридневниот Startup Revolution AI Summit, одржан од 27 до 30 ноември 2025 година, го претвори Скопје во најголемиот собирен простор...

Кичево2 часа

ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда

На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle3 часа

Идеално решение за мувла во бањата: експертски совети за ефикасна превенција

Мувлата во бањата е чест проблем со кој се соочуваат речиси сите домаќинства. Сепак, со неколку едноставни и практични мерки...

Фото: Taylor Beach @ unsplash Фото: Taylor Beach @ unsplash
Lifestyle3 часа

Патник споделува трикови за паметно пакување: „Носете ги најтешките предмети врз себе“

Паметното пакување може значително да ви заштеди простор, тежина и стрес при патување. Искусни патници советуваат дека со неколку едноставни...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин3 часа

Disney инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и ги отвора своите легендарни ликови за вештачка интелигенција

Компанијата Walt Disney објави дека инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и потпишала тригодишен договор за лиценцирање, со кој корисниците...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин3 часа

По iOS 26.2, Apple оди чекор понатаму: 10 клучни функции доаѓаат со идните верзии на iOS

Протечени информации од внатрешниот програмски код на Apple откриваат амбициозни планови за идните верзии iOS 26.4, iOS 27 и iOS...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин3 часа

Apple ги објави најпопуларните апликации и игри за iPhone и iPad во 2025 година

Apple ја објави официјалната листа на најпреземаните апликации и игри за iPhone и iPad уредите за 2025 година, откривајќи кои...

На денешен ден6 часа

Времеплов: На денешен ден (15 декември)

На денешен ден 15 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Спорт16 часа

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за понеделник (15 декември)

ОВЕН Може да очекувате генерално поволен ден. Ако вашата работа е поврзана со продажба, ќе имате голем успех. Можно е...

НАЈЧИТАНИ