Македонија
СВР Охрид: Викендов спроведена акциска контрола за алкохол

На 27/28.11.2021 година од 23 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнаа 12 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-06, Струга-02, Кичево-02, Дебар-02).
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај и издадени им се прекршочни платни налози.
Извор: СВР Охрид
Македонија
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!

Во сабота по повод „11-ти октомври“, Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од 08:00ч – 11.10.2025 г. На наше огромно задоволство и официјална покана од организаторите кои ја ценат нашата работа, под наше медиумско покровителство свое учество ќе земе и шампионот од Кичево, Кристијан Бојоски со својот модифициран „Опел Кадет“ брендиран со нашиот добро познат натпис. И оваа година за техничката спремност се задолжени вредните раце на момчињата од авто-сервис „Adler“ и генералните спонзори, продавница за авто-делови и галантерија „AutoStart“ – Кичево.
Организаторите на Авто-слаломот се добро познати, „Федерација на историски возила“„Олд тајмер клуб, Автомото – Класика“ и Општина Прилеп, под палката на „FIVA“. Локацијата оваа година ќе биде во центарот на градот, односно во непосредна близина на „Палма Шоп“, самиот старт ќе започне утрото од 08:00 часот, додека брифингот на возачите (технички преглед) ќе биде од 09:00 часот. Официјално отворање на настанот е предвидено да започне од 10:30 часот, а почетокот на трката е предвиден да биде од 11:00 часот.
Возилата учесници на настанот ќе бидат поделени во неколку класи:
- До 1200 цм³
- До 1600 цм³
- Над 1600 цм³
- Спортски возила
Пред една година на овој настан нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски се натпреваруваше во класа 3 заедно со уште 11 учесници, рекорден број во таа категорија. Бојоски иако со технички проблеми кои набрзо беа решени, но сепак си го направија своето, заврши на четвртата позиција со извозено време 1:40
Нашиот тим ќе го проследи овој натпревар. Бидете дел и заедно да навиваме за кичевчанецот кој благодарение на пријателите и спонзорите кои здружено помагаат првично во техничката спремност, но и на останатите важни сегменти во натпреварувањето. Што се однесува до тркачкиот дух на Бојоски, во континуитет и повеќе години по ред зема свое учество и се искачува високо на пиедесталот.
Инаку, за тие кои не се запознати со овој традиционален настан. „Автослалом 11-ти октомври“ е спортски настан кој традиционално се одржува во Прилеп по повод 11-ти октомври, денот на народното востание на македонскиот народ, веќе три години со ред.
Воедно Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп организира и спортски настан „Авто Слалом“ на почетокот од летото – вообичаено месец Јуни, со што овој авто слалом е практично шести по ред организиран натпревар од клубот.
Посебен акцент се става на интересот на љубителите на авто мото спортот за организација на вакви спортски настани, натпревари и во околните градови за што Клубот дава особена поддршка за таквиот подвиг.
Се гледаме во Прилеп!
Македонија
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот ќе се одвива двонасочно во должина од 300 метри во правецот Тетово-Велес, утрово известија од АМСМ.
Македонија
Од вечерва горивата со намалена цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени
утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 68,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, истакна РКЕ.
-
Кичево1 ден
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Кичево14 часа
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 октомври)
-
Македонија11 часа
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!
-
Македонија2 дена
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника1 ден
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
-
Технологија2 дена
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за четврток (9 октомври)