Здравје и убавина
Што се случува во организмот кога ќе престанете со пушењето цигари?
Сигурно сте се запрашале едноставно како ќе реагира вашето тело кога ќе престанете да пушите? Некои ефективни дејства се појавуваат речиси веднаш, а останатите доаѓаат со текот на времето и стареењето.
– По 20 минути вашиот крвен притисок и пулсот се враќаат во нормала.
– По 24 часа јаглеродниот моноксид исчезнува од вашето тело.
– По 48 часа никотинот е исфрлен од вашето тело.
– Помеѓу втората и 21-та недела се подобрува циркулацијата на крвта.
– По една година се намалува ризикот од срцев удар за една половина.
– По 10 години се намалува ризикот од рак на белите дробови.
Дали ова се доволно добри причини засекогаш да се решите од оваа лоша и нездрава навика и веднаш да ги фрлите цигарите?
Здравје и убавина
Овие овошја едноставно се клучот за одмор на вашите црева во организмот
Многу луѓе кога ќе тргнат на одмор се соочуваат со непријатности во дигестивниот систем. Промената на климата, исхраната и околината често го нарушуваат рамнотежниот ритам на стомакот. За среќа, една австралиска нутриционистка нуди едноставно, но ефикасно решение.
Според Ребека Гоуторн, клучот е во изборот на овошје кое ги „радува“ цревата.
– „Крушите се совршен сојузник на дигестивниот систем. Тие содржат комбинација од растителни влакна и природни шеќери – сорбитол и фруктоза – кои ја поттикнуваат работата на цревата и спречуваат запек“, објаснува таа.
Проблемите со варењето се особено чести при патување со авион, бидејќи наглите промени во притисокот и воздухот директно влијаат на работата на стомакот.
– „Но, здравиот дигестивен систем не е важен само за редовна столица“, додава Гоуторн. „Кога цревата функционираат добро, телото подобро ги апсорбира хранливите материи, имунитетот се зајакнува, а нивото на енергија расте.“
Крушите, познати по својата висока содржина на влакна, се идеален избор за секој што сака да го зачува варењето во добра форма – особено за време на летниот одмор. Вашите црева навистина ќе ви бидат благодарни ако ги вклучите во секојдневното мени.
/taratur
Здравје и убавина
Неколку совети за слабеење и покрај слабо поседување на време и внимание за себе
Ако постојано сте во движење, зафатени со работа и секогаш во брзање, веројатно тешко наоѓате време да се посветите на себе и на физичката активност. Но, со малку организација и вистински навики, можно е да се грижите за своето тело и здравје, без разлика на обврските.
Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат полесно да ја одржувате линијата и да се храните поздраво:
1. Опремете ја кујната со здрави намирници
Отстранете ја нездравата храна полна со калории и заменете ја со свежи, нутритивни производи. Ако дома имате само квалитетни намирници, помала е веројатноста да посегнете по нешто нездраво.
2. Одредете точно време за вежбање
Планирајте го тренингот како обврска што не се прескокнува. Најдобро време за вежбање за зафатените луѓе е наутро — пред мејловите, состаноците и стресот од денот. Така ќе започнете со повеќе енергија и фокус.
3. Подгответе ги оброците однапред
Изберете намирници што можат да се чуваат неколку дена и подгответе ги оброците навечер. Така ќе имате контрола врз тоа што јадете и нема да претерувате со количината. Овој навик ќе ви заштеди време и ќе ви помогне да се храните поумно.
4. Ограничете го внесот на шеќер и кофеин
Едно утринско кафе е во ред, но повеќе кафиња дневно можат да направат повеќе штета отколку корист. Исто така, избегнувајте слатки и брзи грицки кога сте под стрес — тие нудат моментална енергија, но подоцна го зголемуваат заморот.
5. Одберете здрави грицки
Секогаш имајте при рака здрави опции: јаткасти плодови, свежо овошје, моркови или енергетски плочки без додаден шеќер. Не заборавајте и на доволно течности во текот на денот, особено во топлите месеци.
6. Вежбајте со партнер
Ако тешко се мотивирате сами, најдете партнер за вежбање. Заедничката поддршка и мотивација значително ја зголемуваат веројатноста да останете доследни на тренинзите. Со овие едноставни навики, ќе можете полесно да го балансирате динамичниот живот со здрав и активен стил.
Здравје и убавина
Доколку сакате да ослабете, тоа незначи дека треба да се гладува
Редовната физичка активност во комбинација со балансирана и умерена исхрана претставува најсигурен начин за намалување на килограмите и обликување на телото. Кога еднаш ќе создадете рутина што ја спојува оваа здрава навика, можете да додадете и неколку дополнителни чекори кои ќе го олеснат процесот на слабеење и ќе ве доведат поблиску до вашата цел – посакуваната тежина и фигура.
1) Јадете свесно и на маса
Избегнувајте да јадете додека работите, сурфате на телефонот, гледате телевизија или читате. Истражувања во Велика Британија покажале дека луѓето кои јадат на ваков „расеан“ начин внесуваат повеќе калории, а подоцна во текот на денот повторно имаат потреба од храна.
Затоа, обидете се појадокот, ручекот и вечерата секогаш да ги консумирате на трпезариската маса, со целосно внимание на оброкот. На тој начин, телото подобро ќе ја препознае количината на внесена храна и ќе ви даде чувство на ситост навреме.
2) Изберете помали чинии
Користењето на помали садови е едноставен трик кој може да резултира со намален внес на храна и до 30%. Со ваков пристап, ќе го контролирате количеството без да се чувствувате лишени.
3) Осигурете си доволен сон
Недостатокот на сон е тесно поврзан со лош избор на храна. Кога сме ненаспани, имаме тенденција да бараме засладени намирници за „брзо будење“, што негативно влијае на метаболизмот и на контролата на тежината. Затоа, квалитетниот и доволен сон е еднакво важен дел од процесот на слабеење.
4) Спијте во целосна темнина
Светлината во просторијата може да го наруши квалитетот на сонот и да ја отежне регулацијата на телесната тежина. Голема студија спроведена во САД утврдила дека жените кои спиеле во темни простории имале помала веројатност да се соочат со прекумерна тежина.
За да ја подобрите ситуацијата, можете да инвестирате во завеси што не пропуштаат светлина или да користите маска за очи додека спиете.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин1 денInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин1 денOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин1 денMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин1 денКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден9 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle8 часаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии

