Македонија
Денеска регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19
 
																								
												
												
											Направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 166,
Прилеп – 41,
Битола – 30,
Кавадарци – 22,
Кочани – 14,
Куманово и Велес – по 12,
Тетово – 8,
Гевгелија – 6,
Неготино, Радовиш и Делчево – по 5,
Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод – по 4,
Струмица – 3,
Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2,
Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 433 оздравени пациенти од:
Скопје – 182,
Битола – 37,
Прилеп – 32,
Куманово – 23,
Штип – 21,
Кавадарци – 20,
Гевгелија – 14,
Тетово – 13,
Струмица – 11,
Велес и Делчево – по 10,
Кочани – 8,
Крива Паланка – 6,
Берово и Охрид – по 5,
Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица – по 4,
Македонски Брод и Кратово – по 3,
Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија – по 2,
Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), 3 починати лица од Битола (70г, 74г, и 84г) и едно починато лице од Куманово (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 95753, Активни 2739
Куманово 12979, Активни 178
Тетово 11361, Активни 79
Прилеп 10426, Активни 348
Битола 8913, Активни 484
Гостивар 8077, Активни 21
Велес 7374, Активни 167
Кавадарци 7142, Активни 245
Штип 6635, Активни 97
Охрид 6560, Активни 209
Струмица 6160, Активни 105
Кичево 4241, Активни 45
Кочани 4055, Активни 111
Струга 3913, Активни 35
Гевгелија 2828, Активни 75
Неготино 2586, Активни 42
Свети Николе 2128, Активни 39
Крива Паланка 1914, Активни 65
Ресен 1770, Активни 60
Радовиш 1765, Активни 62
Берово 1470, Активни 54
Дебар 1456, Активни 0
Делчево 1435, Активни 99
Виница 1162, Активни 15
Пробиштип 1128, Активни 23
Валандово 962, Активни 41
Кратово 779, Активни 25
Богданци 648, Активни 18
Демир Хисар 623, Активни 49
Крушево 596, Активни 32
Македонски Брод 510, Активни 16
Демир Капија 426, Активни 2
Македонска Каменица 421, Активни 23
Пехчево 355, Активни 9
Дојран 172, Активни 8
/koronavirus.gov.mk/
Македонија
Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
 
														Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,057 ден/кг, истакна РКЕ.
Македонија
МВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
 
														СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“.
З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата. Ф.М. во својство на заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство со потпишување на решенијата за одобрување на службени патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои парите, а Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А., врз основа на кои решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства врз основа на претходно изготвените решенија, иако знаеле и биле свесни дека решенијата не се донесени согласно уредбата, постапиле по решенијата и му ги исплатиле парите, со што му помогнале на З.А. да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, а на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство, истакна МВР.
Македонија
Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
 
														Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато
Како дел од работните активности на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денес оствари работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато.
Во рамки на посетата, заменик министерот Исени се запозна со тековните активности, со предизвиците со кои се соочуваат службите, како и со начинот на нивно надминување.
На средбата се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот, при што беа презентирани најновите трендови на криминалитетот и мерките што се преземаат за негово спречување и навремено откривање.
„Безбедноста и владеењето на правото остануваат врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата,“ истакна заменик министерот Исени.
Со оваа посета, МВР уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон унапредување на безбедносните стандарди, поддршка на локалните полициски структури и континуирана работа на терен за поголема заштита на граѓаните и јавниот ред и мир, истакна МВР на социјалните мрежи.
- 
																	   Хороскоп16 часа Хороскоп16 часаХороскоп за среда (29 октомври) 
- 
																	   Хороскоп2 дена Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (28 октомври) 
- 
																	   Македонија5 часа Македонија5 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“ 
- 
																	   На денешен ден1 ден На денешен ден1 денСветот на денешен ден (28 октомври) 
- 
																	   Lifestyle1 ден Lifestyle1 денКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии 
- 
																	   Магазин1 ден Магазин1 денИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia 
- 
																	   Магазин1 ден Магазин1 денWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица 
- 
																	   Македонија1 час Македонија1 часДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар 

 
								 

 
 
 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
 
 
														 
																											 
														 
																											 
														