Следете не

Спорт

Следните два дена нашата Футсал репрезентација ќе одигра два контролни натпревари против Црна Гора

Објавено пред

на

Македонската футсал репрезентација денес (19:00 часот) и утре 16. декември (17:30 часот) во С.Ц. Борис Трајковски ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора.

Селекторот на нашата футсал репрезентација, Васко Скендеровски за двете пријателски пресметки против црногорците ќе смета на следните играчи:

Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цико), Влатко Петровски *СК Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);

Одбрана: Реџеп Сулејман (Шкупи), Таулант Исмаили (ФК Ликени, Косово), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Берат Рамадани (Арбен Бајрами);

Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Алекандар Глигоров (Железарец), Игор Леовски (СК Славија Прага, Чешка), Мартин Мехмединовиќ (СК Прокет Цико), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Тодоровски (СК Проект Цико), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (ФК Ликени, Косово), Адријан Мицевски (Штутгартер 2020, Германија);

Васко Скендеровски – селектор на македонската футсал репрезентација:

– Очекуваме интересен натпревар против Црна Гора. Повикавме претежно играчи од домашниот шампионат и ова се натпревари на кои шанса ќе добијат сите повикани за да го согледаме реалниот потенцијал со кој располагаме. Резултатот е важен пред сѐ заради подигнување на самодовербата пред претстојните квалификации за Светското првенство.

– Добрите резултати од минатиот квалификациски циклус ни овозможија да бидеме еден барабан погоре во ждребот и ги избегнуваме предквалификациите. Имаме доволно време за подготовка, а за следните натпревари се надевам дека ќе бидеме комплетни со Даниел Де Соуса, Џокица Арсовски и Седат Зибери.

Спорт

Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Markus Spiske

Кошаркарската селекција на Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја Литванија со убедливи 107:88 во рамки на третото коло од групата Б.

Главна фигура на натпреварот беше Денис Шредер, кој блескаше со 26 поени и 10 асистенции, а покрај него се истакна и Франц Вагнер со 24 поени и 7 скока. Даниел Тајс имаше беспрекорно издание – постигна 23 поени со шут 9/9 од игра. На спротивната страна, Рокас Јокубаитис беше најефикасен за Литванија со 20 поени, додека Јонас Валанчиунас придонесе со 14.

Сепак, дуелот не мина без сенка. За време на паузата на полувремето, дел од литванските навивачи се однесуваа расистички кон темнокожите играчи на германската репрезентација.

– „Навистина е разочарувачки – се слушаа непристојни звуци од трибините. Тоа нема место ниту во кошарката, ниту во било кој спорт,“ изјави Шредер за МагентаСпорт по натпреварот. Тој додаде дека некои навивачи биле отстранети од арената, а ваквите инциденти спореди со ситуациите што ги доживува Винисиус Жуниор во фудбалот.

Неговиот соиграч Исак Бонга рече дека не ги забележал навредите бидејќи бил фокусиран на играта, додека помошниот тренер Алан Ибрахимагиќ потврди дека во соблекувалната немало дискусија на оваа тема.

Со овој триумф, Германија останува непоразена и го зацврстува првото место во групата, додека Литванија падна на скор од две победи и еден пораз

Прочитај повеќе...

Спорт

Со заложби на претседателот Омерагиќ и општина Битола, овој град повторно на европската фудбалска мапа, стадионот „Петар Милошевски“ доби зелено светло од „УЕФА“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Градот под Пелистер на 9 септември ќе биде центар на младинскиот европски фудбал, откако стадионот „Петар Милошевски“ доби официјална дозвола од УЕФА да биде домаќин на квалификацискиот дуел помеѓу македонската селекција до 21 година и силната репрезентација на Италија.

Во изминатиот месец и половина, Фудбалската федерација на Македонија во партнерство со општина Битола вложи околу 150.000 евра за комплетна санација и модернизација на спортскиот комплекс. Резултатот е стадион кој денес изгледа препознатливо европски и кој е подготвен за настани од највисоко ниво.

Новата јужна трибина е опремена со комфорни седишта, тартан патеката е заменета со современа подлога, а службените и медиумските простории добија нов изглед и функционален мебел. Поставени се и нови клупи за резервните играчи, уреден е ВИП секторот, а ФФМ донираше модерен ЛЕД семафор. Дополнително, тревната подлога беше освежена и подготвена со специјализирана механизација и експертски тимови.

Со овие подобрувања, „Петар Милошевски“ ги исполнува сите критериуми за организација на меѓународни натпревари и ја враќа Битола на големата фудбалска сцена.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ја нагласи важноста на овој проект, „Она што го зацртавме како цел – да ја вратиме фудбалската магија во Битола – денес е остварено. Со заедничка работа со градоначалникот Коњановски и тимот на општината, покажавме дека и за кратко време може да се постигнат големи резултати. Овој успех е само поттик да продолжиме со реконструкции и на другите стадиони во државата.

Следниот чекор, како што најави Омерагиќ, е реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, со што ФФМ и управата ја продолжуваат својата мисија за унапредување на спортската инфраструктура на национално ниво.

Со ова, Битола не само што добива модерен спортски објект, туку и нова енергија за развој на фудбалот и спортската култура во регионот, истакна Фудбалската федерација на Македонија на својето веб гласило.

Прочитај повеќе...

Спорт

Составот на македонската фудбалска репрезентација за мечевите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за претстојните натпревари од квалификациите, каде што ќе се сретнат со Саудиска Арабија на 4 септември и со Лихтенштајн на 7 септември. Селекторот и тимот најавуваат максимална посветеност и целосна концентрација за да обезбедат добри резултати на овие пресудни средби.

Ова се повиканите фудбалери избраници од Милевски за претстојните мечеви, а ги соопшти Фудбалската федерација на Македонија:

Голмани:

  • Столе Димитриевски
  • Дејан Илиев
  • Дамјан Шишковски
  • Игор Алексовски

Одбрана:

  • Дарко Велковски
  • Езѓан Алиоски
  • Никола Серафимов
  • Андреј Стојчевски
  • Висар Муслиу
  • Бојан Илиевски
  • Гоко Зајков
  • Стефан Деспотовски

Среден ред:

  • Енис Барди (капитен)
  • Јани Атанасов
  • Елиф Елмас
  • Исник Алими
  • Лука Станковски
  • Тихомир Костадинов
  • Решат Рамадани

Напад:

  • Бојан Миовски
  • Милан Ристовски
  • Дарко Чурлинов
  • Александар Трајковски
  • Лирим Камили
  • Елмин Растодер
  • Димитар Митровски

Селектор:

  • Благоја Милевски ✅
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз

Предмалку во близина на кичевското с.Зајас на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна несреќа, каде според неофицијални информации, тешко товарно...

Спорт5 часа

Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија

Кошаркарската селекција на Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја Литванија со убедливи 107:88 во рамки...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за сабота (30 август)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Фото: Paul Hanaoka @ unsplash Фото: Paul Hanaoka @ unsplash
Lifestyle1 ден

Дали заспивате со мобилен телефон? Ова може сериозно да му наштети на вашето здравје

Научните истражувања откриваат нешто загрижувачко: вештачката светлина навечер може да го наруши биолошкиот часовник и да го зголеми ризикот од...

Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash
Lifestyle1 ден

Појадувајте здраво во канцеларија: брз рецепт за 5 минути

Долг ден во канцеларија секогаш бара паметен и хранлив почеток. Ако утрото ви е хаотично, а сепак сакате да останете...

Фото: Giuseppe Peletti @ unsplash Фото: Giuseppe Peletti @ unsplash
Магазин1 ден

Samsung Galaxy Tab S11 – протекоа цените за Европа

Новата серија таблети Samsung Galaxy Tab S11 иако сè уште не е официјално претставена, веќе е во центар на вниманието....

Фото: Val Vesa @ unsplash Фото: Val Vesa @ unsplash
Автомобили1 ден

Volkswagen ја гради иднината на производството со вештачка интелигенција и AWS

Групацијата Volkswagen ја гледа иднината на автомобилската индустрија во вештачката интелигенција и облак технологиите. Компанијата веќе имплементираше AWS cloud решенија...

Кичево1 ден

Сечесниот празник на Успението на Пресвета Богородица се прослави со сеноќно бдение во нејзиниот кичевски величествен храм

Ова празнично славословие беше дотолку порадосно и возвишено, зашто оваа година, по првпат, сечесниот празник на Успението на Пресвета Богородица...

Скопје1 ден

Скопската полиција синоќа констатираше 128 сообраќајни прекршоци, 94 возачи на мотоцикл, лишено од слобода едно лице, пронајден кокаин

Во текот на изминатата вечер (28/29.08.2025) во периодот од 17.00 до 01.00 часот од страна на Одделението за безбедност на...

Временска прогноза2 дена

Од утре промена во атмосферата, најава за дестабилизација на времето кое носи нови врнежи од дожд и засилен ветер, ова се информациите…

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со циклонска активност со центар над Џеновскиот залив,...

НАЈЧИТАНИ