Следете не

Спорт

Познат датумот за одигрување на одложениот натпревар помеѓу Струга Трим Лум и Ренова, како и останатите од ВМФЛ

Објавено пред

на

Поради лоши временски услови, денеска беше одложен натпреварот од 18. коло во ПМФЛ помеѓу екипите на Струга Трим Лум и Реновa

Исто, поради лоши временски услови, Комисијата за натпревари вчера прати информација дека се одложуваат и натпреварите од ВМФЛ – Исток, Кожув Гевгелија – Братство, Детонит Јуниор – Осогово и мечевите од ВМФЛ – Запад, Велешта – Силекс, Гостивар – Тетекс 1955, Кораби – Охрид Лихнидос.

Сите натпревари ќе бидат одиграни во вторник, на 14 декември во 13:00 часот, известуваат од ФФМ.

 

Спорт

Новак ќе биде депортиран од Австралија

Објавено пред

на

Според последните информации на репортерот на РТС од Мелбурн, Ѓоковиќ ќе мора што поскоро да ја напушти Австралија, а се очекува тоа да биде за неколку часа.

Судењето беше префрлено на Федералниот суд, а за судбината на Ѓоковиќ одлучуваше судиското трио Дејвид Џон О’Калаган, Џејмс Алсоп и Ентони Бесанко.

Така што Федералниот суд на Австралија со гласање 3-0 на судиите реши да ја одбие жалбата на најдобриот светски тенисер за одземање на влезната виза, што значи дека тој во најкус можен рок мора да ја напушти државата.

Ѓоковиќ исто така се соочува и со тригодишна забрана за влез на австралиска територија, што би значело и крај на неговите настапи на турнирот во Мелбурн, каде што досега има девет победи.

Новак Ѓоковиќ беше третиран во изминатата недела, во која траеше сагата со неговата депортација. Србинот по одлуката на судот даде само куса изјава.

– „Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во секој момент се чека пресуда за Ѓоковиќ, доколку биде ослободен во понеделник игра прв меч

Објавено пред

на

Во секој момент се очекува конечната одлука за тоа дали ќе биде одбиена визата и одбиен престој во Австралија.

Доколку жалбата успее и Новак победи на суд, тој би можел да остане и да игра на Австралија Опен.

Во спротивно, ќе биде депортиран и ќе му биде забранет влез во Австралија во следните три години.

Инаку Ѓоковиќ доколку евентуално биде ослободен во понеделник од 10:30 часот во Род Лејвер Арената ќе го одигра својот можен меч со Кецмановиќ.

Како што претходно објавивме линк во живо, ситуацијата, доказите и разврските околу судењето се дискутираа цели 5 часа

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Спорт

Кичевчанката Минговска меѓу најуспешните за 2021 година во карате, категорија „кадети“ женски

Објавено пред

на

Овогодинешната манифестација за најуспешните во 2021 година која се одржа во организација на карате федерацијата на Македонија во хотел „Континентал“ награда за најуспешна кадетка во својата категорија зеде нашата кичевчанка Анастасија Минговска која е и наша репрезентативка.

– Пред се ви благодариме што секогаш како информативен портал секогаш сте тука да не следите, сакам јавно да се заблагодарам на КФМ за доделеното признание како избрана втора најдобра кадетка и многу сум горда што сум дел од Карате репрезентацијата на Македонија, пред се благодарност и до на моите тренери од клубот „Ускана“ – Неџби и Јетмире Дервиши за вложениот труд и посветеност кон мене и бескрајната поддршка, како и од моите родители и сите други кои веруваат во мене од самите почетоци. Се надевам дека оваа година ќе биде поуспешна за мене – за нашиот портал додаде Анастасија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура5 минути

Најскапата серија на сите времиња: Милијарда долари за новиот „Господар на прстените“

Претстојната серија на Амазон, еден вид спиноф на филмови за „Господарот на прстените“, која се смета за најскапата серија на...

Магазин17 минути

Google почнува да ги тестира Android игрите на Windows

Microsoft го најави Windows 11 со ветување дека ќе ги поддржува апликациите за Android, иако таа функционалност не беше подготвена...

Временска прогноза2 часа

Од вечерва западниот регион под снег, најава и за многу студено време после обилните врнежи, детали..

Во текот на вечерните и ноќните часови од запад ќе започнуваат врнежи од СНЕГ. Инаку, како што најавивме, утре врнежите...

Култура2 часа

Денес се традиционалните „Женски Водици“, додека именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи...

Македонија3 часа

(ВИДЕО) Преносот овозможен во живо за „Богојавление Водици“ од Охрид еден од најследените преку социјални мрежи

Вчера по осветувањето на езерските води се случи најмасовното положувањето на Светиот крст, каде најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин...

Култура10 часа

Денес е Св. Јован, се верува дека на овој ден Св. Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.

Православните христијани денес на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Св Јован...

Хороскоп17 часа

Дневен Хороскоп (20 јануари / четврток)

ОВЕН Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да...

Македонија18 часа

За утре најавен прекин на електрична енергија покрај „Ски центар Маврово“ и делови на град Скопје

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 20.01.2022 година – четврток, ЕВН ќе работи на терен, така што прекини во...

Македонија19 часа

И денешниот ковид-19 биланс е со над 2000 заболени, ова се официјалните бројки по градови

Направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп –...

Мобилни уреди21 час

Новите ажурирања на „Google play“ носат подобрување за вашиот Андроид телефон

Google неодамна почна да објавува што е ново во своите месечни ажурирања на Google Play по години едноставно воведување нови...

НАЈЧИТАНИ