Следете не

Кичево

Учениците од здравствената струка при ОСУ Мирко Милески ја покажаа својата хуманост на дело

Објавено пред

на

Во неделата исполнета со хуманост и дарување свој несебичен придонес дадоа и матурантите од здравствената струка од ОСУ ,,Мирко Милески” – Кичево и класниот раководител Нела Митреска кои самостојно собираа донации во нашиот град и ги подарија на Дневниот центар на лица со посебни потреби, Ковид центарот и најранливата категорија граѓани кои немаат основни средства за живот и сопствен дом.

Благодарна сум што овие четири години имав можност да бидам дел од животот на овие деца. Пресреќна сум и горда што сите пораснаа и созреаа во прекрасни млади луѓе,со големо срце,секогаш спремни да помогнат.

Сигурни сме дека овие млади луѓе и во иднина ќе продолжат со својата хуманост, за нашиот портал ексклузивно изјави класниот раководител на IV-9

Во оваа прилика упатуваме и голема благодарност до сите кои донираа, сите ученици, наставници од сите основни училишта, едноставно листата е голема, и сите издвоени објави се со цел да се поттикнат останатите и да се побуди хуманоста во поголема мерка.

Ова е гест за почит, дај боже секогаш да се помагаме вака!

Кичево

Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

Објавено пред

на

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.

Програма на настанот

  • 19:00 часот – филмска проекција
    Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата.
  • По проекцијата – музички дел
    Вечерта продолжува со диџеј сетови на:
    • Ива Арифај (Србија)
    • Aco Sound (Македонија)
    • Дарко Јованоски (Македонија)
      Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.

Пораката на организаторите

Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:

„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“

Поддршка и организација

  • Настанот е во организација на Montparnasse.
  • Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.

Практични информации

  • Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
  • Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
  • Влезот е бесплатен.
Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Објавено пред

на

©porta.mk

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.

За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Објавено пред

на

©porta.mk

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.

Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.

Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.

Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за четврток (4 септември)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Македонија8 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола-Прилеп, лишен од слобода прилепчанец

На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од...

Македонија8 часа

„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути

Wizz Air, најголемиот авиопревозник во Македонија и еколошки најодржливата авиокомпанија во EMEA регионот¹, со задоволство најавува значителна експанзија во земјата,...

Македонија8 часа

МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП...

Скопје11 часа

Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди

На 02.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на...

Македонија11 часа

Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни

На 02.09.2025 во 10:00 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.С.(25) од с.Требош, тетовско, кој...

Кичево13 часа

Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи...

Фото: Wil Stewart @ unsplash Фото: Wil Stewart @ unsplash
Lifestyle13 часа

Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?

Во потрагата по освежување, многумина често посегнуваат по пиво или газирани сокови, без да размислат за нивното долгорочно влијание врз...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин14 часа

Google Play Games добива нови профили со статистика и социјални функции

Google најави големо ажурирање на својата услуга Play Games за Android уредите. Новите промени ќе донесат поинформативни кориснички профили, детална...

Фото: Glenn Carstens-Peters @ unsplash Фото: Glenn Carstens-Peters @ unsplash
Магазин14 часа

Стримингот ја надмина класичната телевизија во Германија

За прв пат, стриминг платформите и видео апликациите ја надминаа традиционалната телевизија кај гледачите во Германија, покажува истражување на дигиталното...

НАЈЧИТАНИ