Македонија
Кичево денес 46 нови случаи на Ковид, вкупно 1,865 во цела држава

Во последните 24 часа направени се 6.173 тестови, а регистрирани се 1.865 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 871
• Битола – 177
• Прилеп – 119
• Куманово – 86
• Охрид – 60
• Кавадарци и Велес – по 53
• Кичево – 46
• Штип – 40
• Струмица – 38
• Тетово – 37
• Гевгелија – 28
• Гостивар – 27
• Неготино – 24
• Радовиш – 23
• Струга и Ресен – по 22
• Кочани – 21
• Крушево – 20
• Валандово – 15
• Делчево – 14
• Крива Паланка – 12
• Свети Николе – 10
• Богданци – 9
• Пробиштип – 8
• Берово – 6
• Македонски Брод – 5
• Демир Хисар – 4
• Виница, Кратово и Демир Капија – по 3
• Македонска Каменица и Пехчево – по 2
• Дебар и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.865), регистрирани се 207 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (81г и 86г) и Битола (65г и 66г) и по едно починато лице од Прилеп (45г), Охрид (69г), Струмица (68г) и Валандово (72г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од:
• Скопје – 477
• Битола – 52
• Прилеп – 40
• Кавадарци – 30
• Велес – 22
• Охрид – 19
• Куманово – 18
• Гевгелија – 16
• Штип, Тетово и Кочани – по 14
• Струмица – 9
• Радовиш – 8
• Валандово – 7
• Кичево и Ресен – по 6
• Неготино – 5
• Гостивар, Крива Паланка и Свети Николе – по 4
• Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 3
• Струга, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Дебар и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545
Македонија
СВР Охрид: В четврток во с.Шипокно охридско, ќе се одржи регионална обука за полициските тимови кои работат со службени кучиња

На 04.09.2025 година од 00 до 07 часот, на подрачјето на охридското село Шипокно, ќе се одржи регионална обука за зајакнување на капацитетите на полициските тимови кои работат со службени кучиња. Целта на обуката е јакнење на капацитетите на припадниците на единицата за службени кучиња во управување и работа со службени кучиња при мисии и операции на тешко пристапен терен.
Оваа активност, ќе значи зголемување на професионалноста, ефективноста и на целокупната оперативна подготвеност на припадниците на единицата за службени кучиња, во процесот на планирање и ефикасно спроведување на мерките за потрага по лица и предмети на тешко пристапните терени.
Регионалната обука е во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на РМ во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“ а учесници се полициски службеници-водичи на службени кучиња од министерствата за внатрешни работи на Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.
Проектот, се имплементира во соработка со мисијата на ОБСЕ во Македонија и германската федерална асоцијација за спасување со кучиња, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех

Денес во етер се објави видео, снимевно во основното училиште „Денче Дејаноски“, каде заѕвони првото ѕвонче за ☝️ едно единствено прваче! Училиштето, основано во 1957 година и верифицирано од Министерството за образование на 22.05.1996 година, веќе долго време е дел од образовната заедница.
Сместено во живописниот крај на Маврови Анови, општина Маврово и Ростуше, во рамките на Националниот парк Маврово, училишето нуди инспиративна и природна средина за учење.
Денешниот, односно вчера прв училишен час беше посебен момент за нашето ☝️ единствено прваче – Матеј, кој беше топло дочекан од маестро Игор Џамбазов, наставничката и неговите родители.
Погледнете го видеото на Игор: ТУКА
Македонија
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците

Со денешното ѕвонче во училиштата, официјално стартува учебната 2025/2026 година, во која ќе учествуваат околу 245,000 ученици – 177.800 во основното и 67,200 во средното образование. Според податоците што досега ги собра Министерството за образование, во прво одделение ќе седнат 17,250 деца, а во средните училишта како бруцоши се запишани 17,230 ученици. Сепак, овие бројки сè уште не се конечни, бидејќи училиштата продолжуваат да доставуваат извештаи.
Учебната година ќе трае до 10 јуни, со исклучок на матурантите кај кои наставата завршува на 15 мај. Сите ученици ќе добијат учебници, а по пауза од седум години повторно ќе бидат достапни и книги по странски јазици. Новина е и тоа што средношколците ќе имаат можност да користат образовни асистенти, а вештачката интелигенција ќе се интегрира и ќе биде дел во наставата.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на вчерашната прес-конференција истакна дека условите за учење во многу училишта се подобрени. Според неа, посебен акцент е ставен на инклузивноста, преку ангажирање на поголем број асистенти во основните училишта и првпат во средното образование.
Во наставниот процес првпат ќе се применува и систематски подготвен прирачник за користење на вештачката интелигенција, наменет и за наставници и за ученици. Тој содржи јасни насоки како технологијата да се користи етички и продуктивно во образовни цели.
Ова е втора учебна година по ред во која сите ученици почнуваат со обезбедени учебници. Сосема нови изданија има за седмо одделение и за прва година во гимназија, како резултат на новите наставни програми. По долг прекин, повторно се враќаат учебниците по англиски, француски, германски и италијански јазик, при што најголемиот дел од тиражот веќе е испорачан.
Нова практика од оваа година е и модернизираниот електронски дневник, кој овозможува наставниците во секое време да внесуваат податоци.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (2 септември)
-
Спорт22 часа
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Македонија2 дена
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Македонија21 час
(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех
-
Временска прогноза18 часа
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер
-
Спорт2 дена
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија