Временска прогноза
Денес сончево со мала до умерена облачност, еве за кога има најава за нови снежни врнежи

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и во западните предели ќе има повремени локални врнежи претежно од снег. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Кон крајот на денот и навечер ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локално проврнување на дожд и на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.
Според Попоски во дневниот извештај за порталот Еспресо.мк, утре и тоа особено претпладне во северните предели ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец и истиот повторно ќе услови пад на дневните температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Во недела и во понеделник ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.
Наутро температурите повторно ќе бидат ниски и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.
Нов влажен бран од запад се очекува во вторник и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и од снег.
Временска прогноза
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Повеќе сонце и многу послаб ветер ќе имаме во недела (12 октомври).
И во Скопје и околината особено утре (сабота 11 октомври) повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен во текот на утрешниот ден а во недела на 12 октомври максималните дневни температури во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 10 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 18 степени утре а во недела на 12 октомври максималната температура во Скопје и околината ќе се искачи до околу 21 степен, утрово за Порта.мк истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито

Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
– Наутро ќе биде ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу 8 и 10 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег

Под влијание на нов поголем влажен бран од запад и од северозапад од ноќва кон утрешниот ден (понеделник 6 октомври) како и во понеделник преку денот и во вторник (6/7 октомври) во Македонија повторно времето ќе биде претежно облачно и повторно поладно со повремени врнежи од дожд и тие локално ќе бидат обилни а поради падот на температурите повторно на планините над 1300/1400 метри надморска височина ќе имаме врнежи од снег.
За време на овој влажен бран локално повторно ќе наврне значително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Сето ова ќе биде проследено со умерен повремено засилен ветер од северен правец.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од северен правец. Повремено врнежите ќе бидат пообилни а на околните повисоки планини ќе има повремени врнежи од снег.
Што се однесува до температурите, тие утре и во вторник (6/7 октомври) и понатаму ќе бидат потпросечни за овој период од годината и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна
-
Кичево6 часа
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (9 октомври)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за петок (10 октомври)
-
Македонија1 ден
На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола
-
Временска прогноза1 ден
Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито
-
Временска прогноза5 часа
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Скопје6 часа
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место