Следете не

Кичево

Со свеченост испратени 140 припадници на АРМ од кичевската касарна „Чеде Филиповски – Даме” кои ќе учествуваат на вежбата „КФОР 30“ во Германија

Објавено пред

на

Денеска во касарната „Чеде Филиповски – Даме” во Кичево, се реализира свечена церемонија за испраќање на единица од Армијата на вежбата „КФОР 30″ во Хохенфелс, каде на истата присуствуваше заменик министерот за одбрана – Башким Хасани, заедно со државниот секретар Драган Николиќ, директорот на Генералштабот, генерал мајор Зоран Милески и командантот на 1. бригада, полковник Сашко Лафчиски.

Да бидете упорни и мотивирани и да покажете дека нашата Армија е составена од вистински професионалци. Овие подготовки и нашето учество во мисијата на НАТО на Косово се пример за нашата посветеност кон регионот, неговата безбедност, стабилност и просперитет. Тоа е приоритет за НАТО, тоа е и наш приоритет како земја-членка”, пред присутните истакна Хасани.

Меѓународната вежба ќе биде со времетраење до крајот на месецов и истата е во организација на Американските сили во Европа, а нашата Македонска Армија ќе учествува со чета од 140 припадници. Предвеидени се да изведат вежбовни активности заедно со припадници од армиите на САД, Италија, Романија, Албанија, Молдавија Латвија, Косово, Словенија и СР Германија.

Како што се наведува во текстот, целта на вежбата „КФОР 30“ е подготовка на единиците кои се упатуваат во мисијата КФОР на Косово, во поддршка на мирот, стабилноста и безбедноста и поддршка на цивилните авторитети на Косово.

На оваа вежба нашите припадници заедно со останатите припадници од другите земји ќе работат на унифицирање на подготовката на персоналот во ротациите во мисијата КФОР, односно ќе работат на подигнување на интероперабилноста со партнерските сили, стандардизирање на процедурите и постапките.

ФОТО: Facebook/Министерство за Одбрана

Кичево

Во сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови

Објавено пред

на

Подгответе се за вечер полна со жива музика, силен звук и незаборавна атмосфера! На 15 ноември, со почеток од 19:30 часот, во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе се одржи третото издание на најгласниот градски настан, фестивалот кој ја пренесува најдобрата рок енергија.

На сцената ќе настапат некои од најдобрите локални и регионални бендови:

Phoenix
Addicted
Future Band
Sound Division
Plum
Hush

Секој од нив ќе ја крене енергијата до максимум и ќе го потсети публиката зошто рокот никогаш не излегува од мода.

Настанот има и хуманитарен карактер, имено сите собрани средства ќе бидат наменети за континуирано реновирање на просториите на „Енигма“, култното место каде што се создава и негува автентичниот кичевски рок звук.

Влез: 200 денари
📍 Локација: Дом на култура „Кочо Рацин“ – Кичево
Датум: 15 ноември, 19:30 часот

Бидете дел и заеднички да ја почувствуваме моќта на локалната рок сцена и да бидете дел од нешто што расте од година во година, потврдете го вашето присуство преку фејсбук настанот ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот

Објавено пред

на

©porta.mk

На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен двор, сопственост на Н.Р. од Кичево.

Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од сопственикот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте

Објавено пред

на

ФОТО: НУЦК „Кочо Рацин“

Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.

Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.

Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.

За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.

Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.

Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.

Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.

04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч

НУЦК „Кочо Рацин“

Влез: Слободен

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево51 минута

Во сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови

Подгответе се за вечер полна со жива музика, силен звук и незаборавна атмосфера! На 15 ноември, со почеток од 19:30...

Здравје и убавина1 час

Овие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок

Високиот крвен притисок (хипертензија) претставува сериозно здравствено состојба која може да доведе до опасни, па дури и фатални последици, како...

Хороскоп21 час

Хороскоп за недела (9 ноември)

ОВЕН Овни, бидете внимателни кога одлучувате што би можеле да направите. Ако сте разумни, ќе успеете во своите намери. Вашиот...

Спорт23 часа

Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“

Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00...

Кичево1 ден

Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот

На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен...

На денешен ден2 дена

Светот на денешен ден (8 ноември)

1520 – По наредба на данскиот крал Кристијан II, во „Стокхолмската крвава бања“ биле убиени повеќе од 80 шведски свештеници...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (8 ноември)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Македонија2 дена

СВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици

СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни...

Култура2 дена

Утре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!

Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на утрешен ден 8 ноември според новиот (или...

Македонија2 дена

Од 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици

Од следниот викенд, односно сабота – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите...

НАЈЧИТАНИ