Македонија
И денес над 1000 нови случаи на Ковид и 22 лица починати

Во последните 24 часа направени се 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 575
• Велес – 63
• Куманово – 56
• Битола – 54
• Кавадарци – 44
• Струмица – 38
• Кичево – 33
• Тетово – 32
• Прилеп – 29
• Гостивар – 24
• Охрид – 20
• Радовиш – 17
• Гевгелија – 16
• Штип и Неготино – по 15
• Кочани – 12
• Струга и Дебар – по 11
• Ресен – 10
• Крива Паланка – 9
• Кратово – 5
• Свети Николе, Берово и Валандово – по 4
• Делчево и Богданци – по 3
• Виница, Пробиштип и Крушево – по 2
• Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.117), регистрирани се 154 реинфекции.
Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 8 починати лица од Скопје (66г, 75г, 75г, 76г, 77г, 81г, 82г и 85г), две починати лица од Битола (68г и 78г) и по едно од Куманово (89г), Прилеп (80г), Виница (72г) и Неготино (65г). Од пријавените лица 13 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Штип (1), Радовиш (1), Битола (1), Тетово (1), Делчево (1) и Богданци (1). Починатите лица се на возраст од 66г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 15.02.2022. Од починатите лица, 4 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Регистрирани сe 1.059 оздравени пациенти од:
• Скопје – 735
• Куманово – 70
• Битола – 49
• Прилеп – 36
• Тетово – 31
• Охрид – 23
• Гостивар – 20
• Кичево – 17
• Струга – 14
• Штип – 13
• Ресен и Радовиш – по 9
• Кочани – 8
• Струмица и Крива Паланка – по 6
• Дебар и Демир Хисар – по 4
• Делчево и Крушево – по 2
• Валандово – 1
Направени се 3.513 тестови преку:
ИЈЗ-445, ЦЈЗ Скопје-87, ЦЈЗ Битола-111, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–180, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-100, Биотек-153, Систина-69, лабораторија Лаор-63, Синлаб-16, Ремедика-14, Плодност-45, Генеа-6, Никоб Лаб-259, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-32, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-20, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-29
ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.523.
Досега во земјата се направени вкупно 1.859.233 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821
Македонија
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!

Во сабота по повод „11-ти октомври“, Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од 08:00ч – 11.10.2025 г. На наше огромно задоволство и официјална покана од организаторите кои ја ценат нашата работа, под наше медиумско покровителство свое учество ќе земе и шампионот од Кичево, Кристијан Бојоски со својот модифициран „Опел Кадет“ брендиран со нашиот добро познат натпис. И оваа година за техничката спремност се задолжени вредните раце на момчињата од авто-сервис „Adler“ и генералните спонзори, продавница за авто-делови и галантерија „AutoStart“ – Кичево.
Организаторите на Авто-слаломот се добро познати, „Федерација на историски возила“„Олд тајмер клуб, Автомото – Класика“ и Општина Прилеп, под палката на „FIVA“. Локацијата оваа година ќе биде во центарот на градот, односно во непосредна близина на „Палма Шоп“, самиот старт ќе започне утрото од 08:00 часот, додека брифингот на возачите (технички преглед) ќе биде од 09:00 часот. Официјално отворање на настанот е предвидено да започне од 10:30 часот, а почетокот на трката е предвиден да биде од 11:00 часот.
Возилата учесници на настанот ќе бидат поделени во неколку класи:
- До 1200 цм³
- До 1600 цм³
- Над 1600 цм³
- Спортски возила
Пред една година на овој настан нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски се натпреваруваше во класа 3 заедно со уште 11 учесници, рекорден број во таа категорија. Бојоски иако со технички проблеми кои набрзо беа решени, но сепак си го направија своето, заврши на четвртата позиција со извозено време 1:40
Нашиот тим ќе го проследи овој натпревар. Бидете дел и заедно да навиваме за кичевчанецот кој благодарение на пријателите и спонзорите кои здружено помагаат првично во техничката спремност, но и на останатите важни сегменти во натпреварувањето. Што се однесува до тркачкиот дух на Бојоски, во континуитет и повеќе години по ред зема свое учество и се искачува високо на пиедесталот.
Инаку, за тие кои не се запознати со овој традиционален настан. „Автослалом 11-ти октомври“ е спортски настан кој традиционално се одржува во Прилеп по повод 11-ти октомври, денот на народното востание на македонскиот народ, веќе три години со ред.
Воедно Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп организира и спортски настан „Авто Слалом“ на почетокот од летото – вообичаено месец Јуни, со што овој авто слалом е практично шести по ред организиран натпревар од клубот.
Посебен акцент се става на интересот на љубителите на авто мото спортот за организација на вакви спортски настани, натпревари и во околните градови за што Клубот дава особена поддршка за таквиот подвиг.
Се гледаме во Прилеп!
Македонија
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот ќе се одвива двонасочно во должина од 300 метри во правецот Тетово-Велес, утрово известија од АМСМ.
Македонија
Од вечерва горивата со намалена цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени
утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 68,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, истакна РКЕ.
-
Кичево1 ден
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Кичево12 часа
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за среда (8 октомври)
-
Македонија9 часа
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!
-
Македонија2 дена
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника1 ден
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
-
Технологија2 дена
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони