Кичево
Закажана операцијата за кичевчанецот Никола Китаноски, собрани се потребните финансиски средства благодарение на вашата хуманост!

Денеска е убав ден, потребните финансиски средства се комплетирани за младиот Никола Китаноски од Кичево и операцијата е закажана за 8-ми март идниот месец. Нашите хуманитарци Ивица и Бибе кои во свои раце ја зедоа поголемиот дел од оваа акција (истите заслужуваат секакви почести) денеска во соработка со позната Аптека од градот ја добавија првата инекција, каде за 2 до 3 дена ќе пристигне и потребната втора по цена за двете од 53.000 денари, истите Никола мора да ги прими пред операциониот зафат.
Да потсетиме, во месец декември минатата година, Китаноски бил примен во кичевската болница со тешки стомачни болки, каде при скрининг веднаш му е дијагностициран хемангиом, така што после консултација со Абд. хирург индицирана била емболизација на хемангиом и заклучуваат дека истата ќе може да се изведи во клиниките во Скопје.
Уште еден доказ дека хуманоста и човечноста уште постојат, има добри луѓе, додека ние таквите ги викаме ГОЛЕМИ луѓе, хуманитарци, борци!
Да му посакаме успешна операција, добро здравје и среќни моменти на Никола!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Автомобили1 ден
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Автомобили1 ден
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин1 ден
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Кичево19 минути
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско