Македонија
Денеска 838 нови случаи на Ковид-19, 118 реинфекции..

Во последните 24 часа направени се 4.078 тестови, а регистрирани се 838 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 430
• Велес – 52
• Битола – 42
• Куманово – 40
• Тетово – 34
• Прилеп – 33
• Струмица – 23
• Кавадарци – 22
• Кичево – 19
• Неготино – 17
• Охрид – 16
• Штип – 15
• Гостивар – 14
• Гевгелија и Ресен – по 12
• Кочани – 10
• Радовиш – 9
• Струга – 8
• Дебар – 7
• Крива Паланка – 4
• Делчево, Валандово, Виница и Демир Хисар – по 3
• Богданци – 2
• Свети Николе, Берово, Кратово, Крушево и Пехчево – по 1
Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции.
Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69г, 73г, 76г, 77г, 77г, 80г, 81г, 83г, 84г и 85г), 3 починати лица од Тетово (64г, 72г и 74г) и по едно од Кочани (70г), Кратово (84г), Крива Паланка (71г), Куманово (68г), Неготино (83г), Прилеп (83г) и Струмица (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од Скопје (2). Починатите лица се на возраст од 77г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 14.02.2022. Починатите лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти од:
• Скопје – 413
• Битола – 98
• Кавадарци – 97
• Велес – 91
• Тетово – 61
• Гостивар – 49
• Струмица – 43
• Куманово и Кичево – по 41
• Неготино – 38
• Гевгелија – 29
• Свети Николе – 25
• Охрид – 19
• Кочани – 15
• Прилеп – 14
• Штип и Крива Паланка – по 10
• Демир Капија – 8
• Ресен и Валандово – по 7
• Виница – 6
• Струга и Дебар – по 5
• Богданци – 3
• Делчево – 2
• Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1
Направени се 4.078 тестови преку:
ИЈЗ-326, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-65, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–142, Жан Митрев (Филип Втори)-85, Авицена-132, Биотек-167 Систина-76, лабораторија Лаор-210, Синлаб-27, Ремедика-19, Плодност-53, Генеа-26, Никоб Лаб-441, ВФВ Медикал-88, Ели Медика-38, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-23, Рапид Лаб–19, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–11, Рамус-21
ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.815.
Досега во земјата се направени вкупно 1.866.119 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 292.660, бројот на оздравени пациенти е 275.948, на починати е 8.891, а бројот на активни случаи изнесува 7.821
Македонија
УЈП: Фирми во Македонија не исплатиле плати и придонеси на своите вработени

Голем број компании не ги испочитуваа законските обврски за јули. УЈП испрати опомени. Според податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), 2.129 фирми не уплатиле аконтација за данок на добивка, додека 11.555 фирми не исплатиле плати и придонеси за своите вработени за месец јули.
Овие прекршувања не се само бројки – тие значат:
-
⚠️ Удар врз државниот буџет
-
⚠️ Повреда на работничките права
Од УЈП порачуваат дека непочитувањето на законските обврски нема да помине без последици. Неплаќањето на даноците и придонесите е удар врз буџетот и сите граѓани, додека Неисплатата на плати е директно кршење на правата на работниците“, стои во соопштението на Управата – ТУКА
Македонија
(ФОТО) Претрес во Штип, пронајдени оружје и муниција, приведени три лица

На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип.
Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави, предмалку информираше МВР.
Македонија
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија, товарно возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(25) од с.Студеничани, скопско, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(74) од Скопје и патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(48) од с.Лескоец, охридско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч.(71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „рено“, В.Т.(48) од с.Лескоец, охридско, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (20 август)
-
Македонија1 ден
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Кичево14 часа
Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка
-
Кичево10 часа
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината
-
Култура2 дена
Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Lifestyle2 дена
Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога
-
Временска прогноза17 часа
Краткотрајна стабилизација на времето, во петок ќе имаме транспорт на Сахарска прашина, така што атмосферата ќе биде заматена и времето ќе биде спарно