Кичево
Дури 14 возачи од Кичево биле исклучени од сообраќај поради алкохол викендов

На 19/20.01.2022 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, 27 возачи се затекнати при управување моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-04, Кичево-14, Дебар- 01).
Tие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
Вчера на 19.02. 2022 година во 15:10 часот во СВР Охрид пријавен е пожар на нискиостеблеста вегетација во атарот на кичевското село Букојчани.
Повредени лица нема, а натамошното ширење на пожарот е спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица Кичево.
Известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО) Во кичевската гимназија „Мирко Милески“ денес за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матуранти

Во училишниот двор на ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матурантите од генерацијата 2021/2025. Класните раководители им ги врачија дипломите, а присутните беа поздравени од директорот Бранислав Стојаноски, кој им посака успех во понатамошното образование.
Од име на матурантите, говор одржа Ивона Димоска, изразувајќи благодарност до професорите за нивната посветеност во изминатите четири години.
Видео и галерија од денешниот настан:
Кичево
Вчера малолетник од Кичево се здобил со тешки телесни повреди управувајќи електричен тротинет во сообраќај

На 10.08.2025 во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З. (49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, истакна МВР за јавноста.
Кичево
(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето

Денес 08 август пред храмот „Св.Параскева“ позната како „Св.Петка“ во кичевското с.Мидинци се освети новиот Крст, симбол на нашата вера, надеж и вечен живот. Со голема желба, љубов и почит го дарува кичевчанецот Александар Велјаноски, наш пријател, кој потекнува од истото село.
Крстот е знак на победа над смртта, на љубовта Божја кон луѓето, денес го подигаме не само како духовен знак, туку како сведоштво дека нашата вера живее и се пренесува од поколение на поколение.
Голема благодарност изразуваме во име на црквата, селото и останатите до сите други кои помогнаа со своја работа, време, средства и љубов за реализација на овој чин. Вашиот придонес е духовен темел врз кој се гради заедницата, истакнаа мештаните на свечената манифестација одржана рано утрово во село Мидинци.
Инаку, Црквата „Св.Петка“ има богата и посебна историја. Нејзината првобитна локација била на повисоко место, но поради изградбата на железничката линија Скопје-Кичево, таа била преместена и повторно изградена далечната 1952 година, со помош на градежното претпријатие „Гранит“, а осветена била во 1963 година.
Денес на покана од г-дин Велјаноски бевме во посета на овој преубав храм, така што ТУКА направивме кратка видео репортажа во чест на големиот чин кој е за сите почести
За многу години!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (14 август)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (15 август)
-
Временска прогноза1 ден
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
Македонија55 минути
Кај возач на возило, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово, била пронајдена дрога, возачот бил лишен од слобода
-
Македонија19 часа
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Временска прогноза3 часа
Метео мапата за викендов укажува промена на времето, нестабилност, проследена со дожд и засилен ветер?
-
На денешен ден1 ден
Времеплов: На денешен ден: 14 август
-
Свет1 ден
„Етериумот“ бележи значителен раст, ентузијазмот на инвеститорите се зголемува