Кичево
Во Кичево денес успешно беше реализирана Крводарителна акција по повод Светскиот ден на извидништвото.
Денеска Извидничкиот Одред „Мирко Милески“ – Кичево во просториите на Црвен Крст – Кичево, успешно организираше крводарителска акција по повод Светскиот ден на извидништвото 22-ри февруари.
На овогодинешната крводарителска акција, дури 29 лица ги посетија просториите на Црвен Крст – Кичево со желба да донираат крв, што укажува на зголемена заинтересираност за дарување на крв од страна на граѓаните на општина Кичево.
За жал, 7 граѓани биле одбиени да даруваат крв поради здраствени причини.
Извидничкиот Одред „Мирко Милески“ – Кичево преку нашиот медиум им се заблагодарува на сите луѓе кои низ годините даваат поддршка во работата и активностите на одредот, а воедно и го честита Светскиот ден на извидништвото.
Повеќе фотографии од настанот ќе погледнете на официјалната фан страница од Црвен Крст – Кичево ТУКА
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (29 октомври)
-
Македонија16 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија12 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Lifestyle2 денаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
Магазин2 денаИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Магазин2 денаWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
-
Хороскоп3 часаХороскоп за четврток (30 октомври)
