Македонија
За прв пат од 2008 година цената на нафтата „Брент“ надмина 129 долари за барел

Цената на нафтата „Брент“ е 130 долари за барел, за прв пат од 2008 година, покажуваат податоците на берзата. Цената на мајските фјучерси за нафтата „Брент“ скокна за 9,35 отсто – на 129,06 долари за барел. Априлските фјучерси за марката „VTI“ се зголемија за 9,68 отсто на 126 долари за барел.
Додека во еден момент нафтата се купуваше и за 130,89 долари за барел.
Во 2012 година највисоката цена на нафтата „брент“ беше 128 долари.
Инаку, историскиот максимум за нафтата „брент“ беше постигнат во 2008 година и изнесуваше над 143 долари за барел.
– Инаку според изјавите на светските медиуми, цената на нафтата расте како резултат на руската специјална операција во Украина. Како одговор на постапките на Москва, Западот почна масовно да воведува санкции против Руската Федерација.
Кај нас денес Регулаторната Комисија точно на пладне треба да ги соопшти цените на горивата кои ќе важат од ноќеска, додека моменталните цени на горива на малопродажните објекти ширум државата гласи вака:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар) – последно поскапување + 1,5 денар
ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар) – последно поскапување + 1,5 денар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар) – последно поскапување + 1,5 денар
TНГ (Авто-Плин) – 46,50 (денари/литар) – не спаѓа под Регулаторна комисија за Енергетика
Македонија
УЈП: Фирми во Македонија не исплатиле плати и придонеси на своите вработени

Голем број компании не ги испочитуваа законските обврски за јули. УЈП испрати опомени. Според податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), 2.129 фирми не уплатиле аконтација за данок на добивка, додека 11.555 фирми не исплатиле плати и придонеси за своите вработени за месец јули.
Овие прекршувања не се само бројки – тие значат:
-
⚠️ Удар врз државниот буџет
-
⚠️ Повреда на работничките права
Од УЈП порачуваат дека непочитувањето на законските обврски нема да помине без последици. Неплаќањето на даноците и придонесите е удар врз буџетот и сите граѓани, додека Неисплатата на плати е директно кршење на правата на работниците“, стои во соопштението на Управата – ТУКА
Македонија
(ФОТО) Претрес во Штип, пронајдени оружје и муниција, приведени три лица

На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип.
Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави, предмалку информираше МВР.
Македонија
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија, товарно возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(25) од с.Студеничани, скопско, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(74) од Скопје и патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(48) од с.Лескоец, охридско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч.(71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „рено“, В.Т.(48) од с.Лескоец, охридско, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (20 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (19 август)
-
Македонија1 ден
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Кичево11 часа
Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка
-
Кичево7 часа
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината
-
Култура2 дена
Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Lifestyle1 ден
Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога