Здравје и убавина
Неколку работи за тоа како газираните пијалоци влијаат врз вашиот организам
Неколку работи за газираните пијалоци кои сигурно не сте ги знаеле. Вакво влијание имаат врз вашиот организам, кога би ги земале во прилично голема количина:
Забрзано стареење
Фосфатите и фосфорната киселина го зголемуваат рокот на траење на газираните пијалоци, но затоа го намалуваат рокот на траење на човечкиот живот.
Поголем обем на половината
Десетгодишно истражување утврди дека на лицата кои пијат по два газирани пијалоци дневно половината им се шири двојно побрзо.
Маснотии во крвта
Газираните пијалоци дневно кај некои лица го зголемуваат нивото на триглицериди за 30 проценти, поради што артериите ја губат еластичноста.
Чувствителност на забите
Фосфорната и лимонската киселина во газираните пијалоци ја менуваат pH вредноста во устата, што може да доведе до оштетување на глеѓта на забите.
Зголемен крвен притисок
Сите благи пијалоци, а познато е дека газираните сокови се полни со шеќер, можат да го зголемат притисокот.
Камен во бубрезите
Еден или повеќе газирани пијалоци во текот на еден ден го зголемуваат и ризикот од создавање на камен во бубрезите за 33 проценти.
Здравје и убавина
Ова е најдоброто време за ручек
Според резултатите едно поодамнешно истражување објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition, за поуспешно намалување на телесната тежина препорачливо е барем еден од дневните оброци да се консумира пред 15 часот.
Објаснувањето лежи во нашите циркадијални ритми внатрешниот биолошки часовник кој го регулира чувството на глад. Кога јадеме доцна, организмот потешко ги преработува калориите, што може да влијае на таложење масни наслаги.
Со други зборови, ако постојано чекате да почувствувате силен глад, помалку е веројатно да посегнете по здрав оброк, а многу поверојатно е да посегнете по чоколадо или некакви грицки.
Сепак, дали ручекот пред 15 часот гарантира успешно слабеење? Не. Балансирана исхрана и редовна физичка активност и понатаму остануваат клучните фактори.
Но, корисно е да се има на ум уште еден мал трик кој може дополнително да помогне на тој пат.
Здравје и убавина
Ако ви недостасуваат протеини, овие намирници се вистинското решение за вас
Активниот и здрав начин на живот тешко може да се замисли без доволно протеини. Но, дали навистина знаете кои намирници се најбогати со оваа клучна хранлива состојка?
Најчесто првата асоцијација се јајцата или месото. Сепак, едно тврдо варено јајце содржи приближно десет грама протеини, што и не е толку импресивно како што многумина мислат.
Спирулина концентрирана растителна протеинска моќ
Спирулината е вид микроскопска алга со карактеристична спирална форма. Таа важи за врвна „суперхрана“, богата со нутриенти и лесна за варење. Најчесто се користи во прав како додаток во исхраната.
Само една лажица спирулина содржи околу 4 грама протеини. Можете да ја додадете во смути, салати или јадења, а по потреба да консумирате и неколку дополнителни лажици.
Печена соја мало количество, многу протеини
Доколку можете да набавите чисти зрна соја, не двоумете се да ги вклучите во секојдневното мени. Четвртина чаша благо потпечена соја обезбедува околу 15 грама протеини, а освен тоа е богата со диетални влакна и одлично се комбинира во разни салати.
Скир исландската протеинска „бомба“
Откако скирот стана достапен и кај нас, брзо се вброи меѓу омилените протеински намирници. Во споредба со грчкиот јогурт, кој во едно стандардно пакување има околу 5 грама протеини, скирот нуди речиси двојно повеќе околу 11 грама.
Ако не можете да најдете скир, грчкиот јогурт е одлична алтернатива.
Тврдо сирење
Една умерена порција тврдо сирење може да содржи и до 20 грама протеини. Сепак, бидејќи оваа намирница обично е богата со масти, важно е да се внимава на количината.
Семки од тиква вкусни и протеински богати
Сушените, непечени семки од тиква се исклучително практични бидејќи одлично се вклопуваат во голем број оброци. Четвртина чаша содржи околу 10 грама протеини, што ги прави одличен избор за дополнителен протеински внес.
Здравје и убавина
Направете дома природен „Витамин Ц“ напиток
Витаминот Ц е еден од најважните сојузници на организмот во борбата против настинки, вируси и замор. Освен што го зајакнува имунолошкиот систем, овој витамин придонесува и за здрава кожа, побрзо заздравување на ткивата и подобра апсорпција на железо. Наместо да се потпирате само на суплементи, можете лесно да го подготвите дома целосно природно и без додадени шеќери.
Како да направите природен витамин Ц во прав
Постапката е едноставна и не бара посебни услови. Потребна ви е кора од цитрусно овошје како лимон, портокал, лимета или мандарина. Распоредете ја кората на чиста тацна и оставете ја да се суши три до четири дена, сè додека не стане целосно кршлива на допир.
Кога ќе биде сува, сомелете ја во блендер или изрендајте ја што е можно поситно, сè додека не добиете фина прашкаста смеса. Тоа е вашиот природен витамин Ц во прав.
Начини на употреба
Овој домашен витамин Ц можете да го додадете во јогурт, мед, смути, овесна каша или во оброците. Само една мала лажичка дневно е доволна за да го внесете препорачаниот дневен внес од витаминот.
Зошто да ја користите кората?
Иако секогаш е препорачливо да се јаде свежо овошје, вреди да се знае дека кората содржи многу поголема концентрација на витамин Ц. На пример, во 100 грама кора од портокал има околу 136 mg витамин Ц, додека во истата количина од плодот има околу 71 mg речиси двојно помалку.
Затоа, со користење на кората не само што го зголемувате внесот на витамин Ц, туку и добивате дополнителни антиоксиданси и растителни влакна кои придонесуваат за подобро варење и детоксикација.
Совети за чување
Домашниот витамин Ц во прав можете да го чувате во стаклена тегла со херметички затворање. На темно и суво место ќе трае до три месеци, а ако го ставите во замрзнувач и до шест месеци.
-
Магазин1 денПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (19 ноември)
-
Кичево11 часаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп23 часаХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Кичево1 ден„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Спорт2 денаМакедонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
-
Македонија5 часаДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
Македонија1 денЈанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон
