Спорт
Првиот човек на Македонскиот фудбал: „Искрената и мотивирана работа се клучни за најголемите успеси“
Претсетаделот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешното Редовно Генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од работата во изминатата година, потенцирајќи дека искрената и мотивирана работа се клучни за најголемите успеси, а тоа е правецот и за во иднина.
Првиот човек на македонскиот фудбал нагласи дека не може постојано да се живее на стара слава или од пласманот на Европското првенство, вели дека федерацијата мора секојдневно да напредува.
– Да не беа сурови некои животни судбини, после сите остварени резултати во 2021 година, ова Собрание можеше да биде одржано во празнична атмосфера.
Горд сум на постигнатите резултати на Фудбалската федерација на Македонија. Благодарност до сите, тоа е плод на нашата заедничка работа.
Без желба да ги повторувам и набројувам успешните моменти од минатата година, сепак би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам на фудбалерите и селекторот на македонската А репрезентација за пласманот во баражот за Светско првенство. Тоа е успех со кој може да се гордее секој фудбалер, тренер и административец во нашиот фудбал. Посакувам успех против Италија на 24. март. Бидете храбри и предизвикајте го Европскиот првак. За сѐ друго ја имате нашата поддршка.
Би сакал да им посакам успех и среќа на македонската репрезентација до 21 година и на селекторот Канатларовски во продолжение од квалификациите за Европското првенство. Имаме добра прилика да се бориме за висок пласман и се надевам дека ќе успееме да ја искористиме.
Се разбира, целите кои ги поставивме и во натпреварувањата во кои учествуваат помладите национални селекции ја имаат целата поддршка од федерацијата во намерата да ги остварат.
Знаете дека директно сум запознаен со состојбата во сите фудбалски центри во нашата држава. Како и десега, ќе продолжам да бидам оперативец на терен, бидејќи сметам дека тоа е од исклучителна важност за подобар фудбал. Но, свесен сум дека тоа не можам да го направам сам, туку само со помош и поддршка од соработниците, но и луѓето од фудбалската база која мора да биде темел на сѐ.
Тоа треба да биде заедничка цел за сите во големото фудбалско семејство. И за тие кој извршуваме најодговорни функции, но и за волонтерите и ентузијастите во клубовите
Имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Наша цел е да продолжиме да вложуваме во инфраструктурата, но и да ја поттикнеме локалната самоуправа да се вклучат во помагање на клубовите, да бидат партнери.
Генералната стратегијата „Обединети од фудбалот“ мора да биде клучен документ кој треба да одговори во кој правец се движиме и како да се поставиме пред предизвиците кој ни доаѓаат. Не можеме вечно да живееме на стара слава и на пласманот на Европското првенство. Од ден на ден мораме да се стремиме кон подигнување на квалитетот на работа на федерацијата на сите нивоа и во сите сегменти.
Работиме на многу проекти, на поконкурентна Прва лига, на единствена Втора лига, а во иднина и на пониските категории и женскиот фудбал.
Сакаме да помогнеме во делот на комерцијалните активности, како и во финансирањето на лигите, а се разбира дека помош им е потребна и на клубовите. Веќе реализиравме многу работи, пред сѐ во однос на инфраструктурата на стадионите, а се надевам дека оваа и 2023 година ќе направиме многу повеќе за македонскиот фудбал.
Фудбалската федерација на Македонија стои зад бројни натпреварувања за сениори, младинци, деца, за жени и футсал играчи. Низ стотина натпревари секој викенд се обидуваме да го одржиме фудбалот како најмасовен спорт во земјата. Ние секогаш ќе бидеме сервис на клубовите и целосна поддршка кога се во прашање фудбалските работи.
Нѐ радува тоа што имаме потенцијал за нови големи работи за нашиот фудбал. Верувам дека програмата за работа и финснсискиот план е квалитетно осмислен и ќе ја следи федерацијата во однос на целите и тоа што треба и што може да се направи.
Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин за одличната соработка. Помошта од УЕФА и ФИФА се многу значајни за нас и едноставно мораме да го искористиме времето кога малите федерации како нашата добиваат големо внимание и поддршка од највисоките светски фудбалски институции.
Од срце се заблагодарувам на сите Вас, членови на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија и на членовите на Управниот одбор.
Се разбира, изразувам голема почит за работата на сите Општински фудбалски Сојузи, клубовите, тренерите, фудбалерите, судиите и фудбалските работници за допринесот во успесите на македонскиот фудбал.
На крајот повторно ќе кажам, оваа федерација потврди дека со искрена и мотивирана работа ги постигнавме најдобри резултати во историјата на македонскиот фудбал.
Тоа е нашиот правец и за иднината.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
-
Кичево14 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Култура2 денаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Спорт6 часаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Македонија2 денаСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Временска прогноза2 денаОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија2 денаЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
-
Македонија2 денаОд 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици
