Спорт
(ВИДЕО) Роналдо со бомба од 25 метри го постигна најубавиот гол на колото против Тотенхем кој моментално се игра

Манчестер Јунајтед и Тотенхем 1:0 на Олд Трафорд, на меч од 29. коло на Премиер лигата. Во 12-тата минута на спектакуларен начин Кристијано Роналдо му донесе водство на својот тим од 1:0.
Погледнете ја величината од блиску:
CRISTIANO RONALDO WHAT A GOAL! pic.twitter.com/Q0cNlDFCUH
— TC (@totalcristiano) March 12, 2022
ФОТО: printscreen/twitter video
Спорт
Младата репрезентација на Македонија со собир пред квалификациските меча против Ерменија и Украина

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел Парк го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
Нашите млади фудбалери заедно со селекторот и неговиот стручен тим денеска официјално го означија почетокот на подготовките за двата последни квалификациски меча против селекциите на Ерменија и Украина.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.
Спорт
Од денес по симболични цени пуштени во продажба картите за фудбалскиот меч Бугарија – Македонија

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2. јуни од Лига на нации, од денес (26. мај 2022), можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.
Цената на билет за натпреварот е 600 денари (вклучено ДДВ и достава).
На следниот линк ТУКА може да купите билети за натпреварот Бугарија – Македонија:
Продажбата ќе трае до понеделник (30. мај 2022). Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник (31. мај 2022), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите.
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон).
Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации, додаваат од ФФМ во интегралниот текст за медиуми.
Спорт
Шанса ќе добијат сите. Треба да продолжиме да бидеме конкурентни во Европа

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција зборуваше за подготовките и натпреварите на најдобрата селекција од новото издание на Лига на нации.
На првиот собир на нашата репрезентација денеска, пристигнаа дел од фудбалерите, а ќе се комплетира во текот на наредните денови.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
– Поради повреда на стопалото, капитенот Стефан Ристовски нема да биде во можност да се стави на располагање за јунските натпревари. Аријан Адеми и Адис Јаховиќ се ослободени за подготовките и натпреварите поради напорната сезона и честите повреди, додека Ердал Ракип поради свои приватни причини, исто така нема да биде дел од тимот за овој собир. Тихомир Костадинов е во процес на рехабилитација од повредата на коленото.
– Ние сме во група со квалитетни противници. Квалитетот е израмнет, а јас не го запоставувам ниту Гибралтар, иако многумина го сматаат за аутсајдер. Нашата цел е освојување на првото место во септември кога завршува циклусот. Не чекаат шест тешки натпревари, а не само еден или четири.
– Императив во оваа селекција е секој да го даде најдоброто од себе. Фудбалерите да покажат дека имаат потенцијал, да го дадеме максимумот и на крајот да видиме што ќе ни донесе тоа. Ниту јас, ниту стручниот штаб не живее во минатото. Зад нас ги оставаме Италија и Португалија и ќе се обидеме најдобро што можеме да се носиме со новите предизвици.
– Шанса за настап и за потврда на својот потенцијал ќе добијат сите, ќе правиме ротации, а ќе бидеме задоволни ако го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите покажувајќи ни дека можеме да сметаме на нив во иднина, затоа што за нас целта останува ЕП 2024.
Базата ја имаме, ја направивме во 2015/16, сега го освежуваме тимот со млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни во Европа, но треба да продолжиме во таа насока.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Македонија15 часа
Предмалку регистриран земјотрес во Македонија
-
Кичево10 часа
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“
-
Култура2 дена
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Хороскоп2 часа
Редовен Хороскоп за сабота (28 мај)
-
Автомобили2 дена
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Магазин2 дена
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7
-
Магазин2 дена
Netflix ги проширува своите функции