Спорт
(ВИДЕО) ФФМ истакна видео од затекнатата состојба на Академијата, секој талент заслужува подобри услови за фудбал

ФФМ предмалку објави ексклузивно видео од затекнатата состојба во Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
– Секој млад фудбалер заслужува средина која го негува неговиот талент и ја почитува нивната посветеност.
Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери уште пред да имаат шанса да блеснат.
Наскоро промените ќе зборуваат за делата, истакнаа од Федерацијата
Во прилог погледнете го видеото ТУКА
Спорт
Македонската селекција до 18 години во Скопје ќе одигра два контролни меча против БиХ, Капинковски го истакна списокот на фудбалери

Младата репрезентација на Македонија до 18 година во периодот од 18-ти до 20-ти февруари ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Како што известија од Фудбалската федерација на Македонија за јавноста, контролните дуели ќе бидат одиграни на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје.
Првиот контролен дуел ќе биде одигран на 18-ти февруари со почеток во 13.00 часот. Втората контролна средба е закажана на 20-ти февруари на истиот стадион со почеток во 11.00 часот. Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 18 години, Димитар Капинковски ги повика следните фудбалери за двата контролни дуели против БиХ:
Голмани:
Антониј Трајковски (ФК Работнички)
Александар Трајков (ФК Брера)
Дарко Јовчев (ФК Македонија ЃП)
Одбрана:
Албан Рочи (ФК Брера)
Андреј Димовски (ФК Брера)
Стефан Стамотовски (ФК Вардар)
Христијан Јевтовски (ФК Вардар)
Мартин Џангаровски (ФК Македонија ЃП)
Назиф Цека (ФК Шкендија)
Стефан Секирски (ФК Беласица)
Мухамед Мустафи (ФК Сент Гален, Швајцарија)
Матео Кесиќ (ФК Бродарац, Србија)
Среден ред:
Иван Танчев (ФК Брера)
Давид Ангелевски (ФК Пелистер)
Лорент Жаку (ФК Воска)
Александар Грашевски (ФК Њу Старс)
Ненад Дамјановски (ФК Домжале, Словенија)
Напад:
Марковски Иво (ФК Вардар)
Дитмир Хоџа (ФК Воска)
Флорент Османи (ФК Шкендија)
Бленди Ганиу (ФК Шкупи)
Стефан Бранковски ( ФК Марибор, Словенија)
Малик Дурак (ФК Венеција, Италија)
Дамјан Буцевски (ФК ИМТ, Србија)
Извор: ФФМ
Спорт
(ВИДЕО) „Дијамантот“ го постигна „деби-голот“ за Торино, маестрален „лоб“, но мечот заврши во полза на домаќините

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас со мајсторски лоб удар беше стрелец на поведоносниот гол за Торино, иако мечот заврши во полза на домаќините 3:2 во последната минута го постигнаа победоносниот гол. На нашиот интернационалец му беа потребни само три минути и да го постигне „деби-голот“.
Маестрално италијанските медиуми го нарекоа „Елиф Елмас се врати“. Да потсетиме со овој резултат Торино коотира со 28 бода на 11 место на табелата.
Во прилог голот на Елмас:
Elif Elmas, he’s back! 🔥
Torino debut off the bench & a special, special goal.
If you ever need a reminder of how talented this boy is, just enjoy this nutmeg & finish.
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) February 14, 2025
Спорт
ФФМ на семинарот за унапредување судиски стандарди, додели и ФИФА амблеми на меѓународните судии

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење.
Во таа насока, оваа година, редовниот Зимски судиски семинар 2025 за судии и контролори од Единствената листа за Првата и Втората МФЛ, кој се одржува од 7. до 11. февруари во Струмица, има посебен акцент на едукацијата, физичката подготвеност и унифицираната примена на правилата на играта, согласно највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА, презентирани од досегашните еминентни наши најдобри судии, а сега судиски инструктори, Александар Ставрев, Димитар Мечакровски, Дејан Јакимовски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски, Марјан Кировски и Дејан Костадинов.
– „Судиската организација е еден од клучените столбови на фудбалот, а нејзиниот развој е наша заедничка обврска. Со континуирана едукација, физичка подготовка и јасни критериуми во донесувањето одлуки, ја зајакнуваме довербата во македонскиот фудбал. Овој семинар е од особено значење затоа што преку него ги поставуваме темелите за иден судиски кадар кој ќе ги следи највисоките светски стандарди, особено во еден исклучително значаен претстоен период на имплементација на ВАР системот“, за јавноста изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Повеќе ќе прочитате ТУКА на официјалниот натпис од ФФМ
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (14 февруари)
-
Здравје и убавина1 ден
Киселини во желудник: Седум намирници за спас кои ја гасат „огнената“ болка
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (15 февруари)
-
Спорт3 часа
(ВИДЕО) „Дијамантот“ го постигна „деби-голот“ за Торино, маестрален „лоб“, но мечот заврши во полза на домаќините
-
Магазин21 час
Денес, 14 февруари се слави виното и љубовта
-
Lifestyle15 часа
Неверојатен лет: Соколица прелета 10.000 километри за 42 дена
-
Lifestyle15 часа
Седум работи што не треба да ги чувате во бањата
-
Lifestyle15 часа
Што се случува со телото кога не пиете кафе цел месец