Следете не

Спорт

Младата футсал репрезентација на Македонија ќе учествува на претквалификациски турнир во Естонија

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, во периодот од 21 до 24 јануари во Силамае, Естонија ќе учествува на претквалификациски турнир за пласман во главната рунда на квалификации за ЕП во Молдавија 2025.

На турнирот, покрај нашата футсал селекција, учество ќе земат и репрезентациите на домаќинот Естонија и Гибралтар.

Првиот натпревар од претквалификацискиот турнир го играме против Гибратлар на 23 јануари со почеток од 18. часот.

Ден подоцна, на програмата е натпреварот со Естонија, димаќинот на овој турнир. Дуелот со Естонија ќе започне во исто во 18. часот.

Селекторот на младата футсал репрезентација, Зоран Лекиќ за престојниот претквалификациски турнир во Естонија, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Кристијан Гавровски

Давид Тоневски

Лука Наумов

Матеј Митровски

Петар Лазовски

Драган Цветковски

Антонио Ѓорѓевски

Ивица Ангелески

Марио Јанев

Никола Стојмировски

Алек Тошевски

Стефан Апостоловски

Победникот на претквалификацискиот турнир во Естонија ќе се пласира во главната рунда квалификации за ЕП 2025 во Молдавија.

Извор: ФФМ

Спорт

(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван

Објавено пред

на

©ФФМ

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ првата работна средба денес ја оствари со вработените задолжени за одржувањето на фудбалските терени.

Со Амди, Џеко, Диљо и Исак разговаравме за нивната работа и подобрувањата на условите за работа.

– Ја препознавам нивната посветеност, работат и по 14 часови на ден во секакви временски услови. Заеднички ќе се потрудиме да обезбедиме терени со врвен квалитет, конечно, го вреднуваме нивниот труд – истакна Омерагиќ на неговиот официјален фејсбук профил.

Во прилог погледнете го видеото ТУКА од средбата со истакнатите вработени во Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари при Фудбалска федерација на Македонија ќе одржи редовен семинар со делегатите од Прва и Втора МФЛ. Семинарот ќе се одржи во хотелот Хилтон, на 11. февруари (вторник), со почеток од 11:00 часот, пред продолжување на пролетниот дел од сезоната 2024 – 2025 во Првата и Втора МФЛ, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

Благоја Милевски и техничкиот менаџер следеа повеќе натпревари на македонските фудбалски интернационалци

Објавено пред

на

©ФФМ

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски во Анталија ги следеше контролните натпревари на клубовите од МФЛ кои своите подготовки за претстојната полусезона ги одработуваа во турскиот туристички центар.

Нашиот селектор заедно со техничкиот менаџер во А селекцијата ги следеше натпреварите на Вардар против грузискиот првак Иберија и унгарски Чаквари, мечевите на Шкендија против Јелимај (Казахстан) и Зорја (Украина), потоа Шкупи против Полонија (Полска) и Септември Софија (Бугарија), контролните натпревари на Струга Трим Љум против Кизилзар (Казахстан) и словачки Михаловце и пресметката на Силекс против Пахтакор (Узбекистан). Покрај тоа, Милевски го следеше и настапот на нашите интернационалци од Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски, Бобан Николов и Себастијан Ерара против Кајрат.

– „Впечатоците од натпреварите на македонските интернационалци во Анталија се навистина позитивни. Помалку изненадувачки, но очигледна беше разликата во ритамот на фудбалерите на овие натпревари кои ги следевме, во однос на домашното првенство. Видовме нова енергија, тимски дух, добар ритам и желба за докажување. Се надевам дека тоа ќе го пренесат и на натпреварите од МФЛ. Тоа е нешто што се бара во модерниот фудбал и е неопходно за добар резултат. Ова беа натпревари без резултатско значење, но сепак даваат одредена слика за квалитетот на екипите и индивидуалните карактеристики на фудбалерите. Продолжуваме да ги следиме сите фудбалери кои сметаме дека имаат репрезентативен потенцијал, а нивните настапи се клучни во однос на изборот за место во најдобрата репрезентација“, вели Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација, пренесува Фудбалската федерација на Македонија преку своето интегрално соопштение.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево47 минути

Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница

На 05.02.2025 во 20:10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улица „Рудничка“ во Кичево, една малолетничка од Кичево...

Кичево4 часа

Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!

Утрово бевме во посета на кичевската Општа Болница, каде остваривме средба со управата на истата, односно Директорката на „ЈЗУ Општа...

Магазин5 часа

ЕУ започнува акција против Temu и Shein

Европската комисија објави дека онлајн продавницата Temu и модниот бренд Shein ќе бидат одговорни за продажба на небезбедни и опасни...

Магазин5 часа

Пребарувањето ChatGPT сега е бесплатно за сите – може ли да ја замени Google?

Бесплатниот пристап до ChatGPT Search може целосно да го промени начинот на кој луѓето бараат информации на интернет. OpenAI денеска...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за четврток (6 февруари)

ОВЕН Се чувствувате загрозени од некого. Победата е можна со голема борба доколку сте доволно упорни. Многумина ќе почувствуваат зголемена...

Спорт1 ден

(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ првата работна средба денес ја оствари со вработените задолжени за одржувањето на фудбалските терени. –...

Lifestyle1 ден

Истражувачите објаснуваат: Кои намирници навистина го зајакнуваат имунитетот?

Многу популарни домашни лекови и намирници што се сметаат за здрави можеби не се толку ефикасни како што се верува,...

Магазин1 ден

OpenAI воведе нова функција: Што може да направи ChatGPT сега?

Компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI, со седиште во Калифорнија, ја претстави новата функција Deep Research во рамките на...

Магазин1 ден

Стотици компании го блокираат DeepSeek

Кинескиот четбот DeepSeek оваа недела го освои американскиот пазар, искачувајќи се на врвот на продавниците Apple App Store и Google...

Магазин1 ден

Apple плаќа 20 милиони долари за батеријата на Apple Watch

Apple се согласи на спогодба од 20 милиони долари во колективна тужба поради проблеми со протекување на батеријата кај раните...

НАЈЧИТАНИ