Кичево
Викенд со одлична музика во Република 96250

Овaa сабота (19.03.2022) во Република 96250 познатиот Rock & Roll / Funk бенд Balter.
Недела уживајте со Acoustic Duo – Bound (day party).
Бидете тука и уживајте во прекрасниот амбиент и добра музика.
Тел за резервации: 078-322-615
Кичево
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица.
– Нашата екипа која даде и дронска поддршка во координација со ОВР Кичево, потесното семејство, претседателот на МЗ Белица и жителите од 7 наутро бевме вклучени во потрагата, која предмалку заврши среќно.
Баба Велјанка е пронајдена во селото, жива и здрава, но изнемоштена, веројатно има паднато од стрмнина, но службите допрва треба за таа констатација да утврдуваат.
Најбитно е што и оваа потрага заврши со среќен крај.
Од името на семејството и блиските, ја користиме оваа прилика да упатиме благодарност до сите кои беа таму и помагаа до самиот крај, како и ОВР Кичево и сите останати.
Кичево
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат во потрагата по исчезнатата Велјанка Штерјоска, тоа да го направат утре.
Имено, собирот ќе се одржи утре (понеделник) во 7:00 часот наутро од пред црквата „Св. Ѓорѓија“ во Белица, потоа ќе се следат насоки и распоредување за трагањето.
Ви благодариме однапред за солидарноста и човечноста! 🙏
Кичево
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу 9 часот
Висина: 155 см
Коса: кафена
Очи: кафени
Доколку имате било каква информација или сте ја виделе, веднаш јавете се на:
📞 072 304 091
🙏 Вашата помош е од огромна значење, истакнаа од МЗ Белица.
-
Кичево1 ден
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Музика7 часа
(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!
-
Кичево1 ден
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Кичево13 часа
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Спорт10 часа
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“
-
Кичево2 дена
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!
-
Македонија15 часа
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“