Спорт
До вечерва активен линкот за онлајн купување на билети за мечот Македонија – Италија
Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот во Македонија дека одделот во „Куќа на фудбалот“ задолжен за распределба на билети за плејоф натпреварот Италија – Македонија за пласман на СП 2022, преку електронска форма има добиено вкупно 2604 барања за купување на влезници за мечот во Палермо.
Бројката на пристигнати апликации е примена до 15. март 2022 година.
Изразуваме почит и благодарност до секој поединец со искрена намера да ја бодри нашата репрезентација на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палерно, но истовремено праќаме важна напомена дека Фудбалската федерација на Македонија располага со лимитирана квота на билети која ни беше ставена на располагање според пропозициите на УЕФА (вкупно 5% од капацитетот на стадионот).
Можноста да им овозможиме купување на влезници на сите наши фанови практично е невозможна.
Имајќи го во предвид бројот на билети кои ги имаме на располагање, ФФМ може да задоволи околу педесет проценти од лицата кои аплицираа за билети за натпреварот Италија – Македонија.
ФФМ преку одделот за безбедност и интегритет оствари блиска комуникација со навивачките групи во нашата држава кои изразија интерес да ја бодрат репрезентацијата во Палермо и согласно нивните барања и бројот на билети кој можеше да биде ставен на располагање, ФФМ обезбеди можност околу 150 навивачи организирано да патуваат во Италија.
ВАЖНО
Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови:
Треба да пристапат на следниот линк за билети: ТУКА
Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите;
Билетот го добиваат во електронска форма;
Пред да отпатуваат за Италија, задолжително мора да го пополнат и поседуваат формуларот кој се наоѓа на следниот линк: ТУКА
Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо, Италија за натпреварот Италија – Македонија мора да ги почитуваат следните регулативи на италијанските власти во услови на пандемија: Ковид-19 регулатива за во Италија која може да ја превземете ТУКА
Лицата кои добиле кодови за купување на билети, процесот на купување треба да го завршат по добивањето на истите, но најдоца до 17. март до 22:30 часот.
Платформата, односно линкот за купување билети се затвора вечерва во 22:30 часот / 17. март 2022.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа и дополнително да се приближиме кон пласман на СП во Катар 2022.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (5 ноември)
-
Хроника1 денД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Lifestyle2 денаКако брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови
-
Социјални мрежи18 часаВнимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
-
Кичево2 денаВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
-
Магазин2 денаApple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација
-
Хороскоп10 часаХороскоп за четврток (6 ноември)
-
Спорт2 денаВо „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
