Кичево
„Република 96250“ со богата музичка викенд програма + Beer Pong Night

И овој викенд програмата во „Република 96250“ ќе биде исполнета со многу нова музика од различни жанрови. Од онаа на познатите домашни и странски музичари, па се до звуците на најголемите хитови на живиот настап на еден од најголемите домашни кавер бендови.
Најпрвин во петок, 25 Март 2022, присутните ќе може да се забавуваат со забавна македонска музика, со почеток во 21:00h.
Саботата ја резервираме за охридскиот хард-рок состав „The Backdoor Band“ со почеток во 21:30h
Недела, уживајте со денска unplugged забава предводена од Halfgod со почеток во 14:00h.
Недела, повелете измерете ги силите на вашиот тим во BeerPong🍺
Информации и пријавување на:
Награда за прво и второ место: Ваучер за храна и пијалоци во Република 96250
Резервации на тел: 078 322 615
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Музичките имиња од Кичево го исполнија плоштадот до последно место, во првата музичка манифестација, вечерва финале од дводневниот спектакл „Кичевчани пеат за Кичево“

Денес посетителите со своето присуство го потврдија она што почесто му треба на град Кичево, а со тоа испишаа историја и најавија дека даваат поддршка за ваков тип на музички манифестации за една нова традиција во очи на големиот семакедонски празник „Илинден“
– Одличната атмосфера, пропратена со уште подобра организација, кичевските музички имиња ја исполнија душата на сите присутни кичевчани но и гости, во срцето на градот. Од најмладо до најстаро, до последен тон беа присутни и во еден глас ги пееја најголемите македонски хитови и се разбира хитовите на мега ѕвездата од нашите простори – Лозано, кој не дека е наш, дефинитивно го држи врвот на музичката сцена во Македонија и пошироко.
Ве повикуваме и вечерва со почеток од 20:00ч да присуствувате на втората гала вечер и заедно да ги пееме најголемите хитови заедно со „Addicted“ и Бојан Трајкоски, Алексо Тришоски, Бранислав Стојаноски, Бојан Дамјаноски & „The Twins“, Тоше Анѓелески, Распеани Кичевчани и Дарко Танески „Трубачко“
Во прилог, ви презентираме фото-галерија преку нашиот објектив & објективот на нашиот соработник spixels, доколку сакате да превземете фотографија, направете го тоа ТУКА
- default
- default
Кичево
Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север и од северозапад, во текот на денешниот ден (четврток 31 јули) на повеќе места во Македонија, особено во јужните, југозападните, како и во источните предели ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално пак, атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на повремен дожд со услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, што значи дека ќе биде значително посвежо. Во Скопскиот регион максималната температура денес ќе се искачи до околу 29 степени.
– Попоски за Порта.мк дополнително ексклузивно, изјави дека временската најава за дестабилизација на метео атмосферата ќе ја има, но во пресрет на вечерашниот концерт во кичевскиот регион од 20 часот па натаму, полека ќе се намалува нестабилноста и условите за врнежи ќе бидат помали, што значи нè очекува спектакуларен концерт!
Повелете, повеќе информации ТУКА
Кичево
(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите

Спречен поголем пожар на стрниште и сува трева во месност кај с.Трапчиндол кичевско. Истиот бил пријавен нешто по 17:00ч, каде ТППЕ Кичево со екипа од шест пожарникари интервенирале. Од извори на терен, спречена била поголема хаварија, поради ветерот кој дополнително создавал проблеми и пожарот се ширел брзо, а стигнал речиси до живеалиштата.
– ТППЕ Кичево преку нашиот медиум уште еднаш апелираат до сите граѓани, за разбирање и свест околу проблемот со пожарите. Еден мал отпушок може да биде фатален, воедно да се почитуваат препораките и да не се движат по шумските предели.
-
Кичево19 часа
(ГАЛЕРИЈА) Музичките имиња од Кичево го исполнија плоштадот до последно место, во првата музичка манифестација, вечерва финале од дводневниот спектакл „Кичевчани пеат за Кичево“
-
Кичево1 ден
Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (31 јули)
-
Хороскоп22 часа
Месечен Хороскоп (август)
-
Мобилни уреди4 часа
Се чини дека 5000 mAh батерија на современите телефони не е доволна