Следете не

Временска прогноза

Следува период на пороен дожд и грмежи

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со слаб до умерен ветер од променлив правец. Особено попладне и навечер од запад и од југозапад ќе се прошират врнежи од дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и навечер ќе има услови за послаби врнежи од дожд, додека максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски за Еспресо.мк

Утре, Според Попоски, и тоа особено претпладне сеуште ќе има повремен локален дожд и снег на планините, додека во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето.

Повторно појава на локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток, кога ќе има услови и за локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Нова стабилизација на времето се очекува од петок.

Што се однесува до температурите, тие особено од среда ќе бележат тенденција на ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, додека во најтоплите предели истите ќе има услови да се искачат до околу 25 степени, и тоа особено од петок.

Временска прогноза

Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места  и на планините  и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.

Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.

Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.

Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува  и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.

Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.

Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден2 часа

На денешен ден – 13 мај

1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани Мастаи Ферети (Џовани, Ферети), од 1846 година папата Пиј IX (Пиј). За време на...

Кичево2 часа

„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 13.05 – вторник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен,...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за вторник (13 мај)

Овен Дневниот хороскоп ви предвидува огромен наплив на енергија и креативност во средината на денот, одеднаш ќе можете да го...

Храна11 часа

Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот

Луѓето кои се обидуваат да изгубат тежина или да одржат здрава тежина, јадат оброци со ограничена количина. Ваквата диета тешко...

Скопје11 часа

СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди

Синоќа (11/12.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (12 мај)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Македонија1 ден

МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено...

Хроника2 дена

Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради...

Скопје2 дена

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (11 мај)

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа...

НАЈЧИТАНИ