Спорт
(ФОТО) Првата Маратонска велосипедска тура во Македонија – „ВЕРА ТУР 2022“ успешно финишираше
Првата Маратонска велосипедска тура „ВЕРА ТУР 2022“ успешно финишираше во Македонија
По изминати 2.500 километри, првата Маратонска велосипедска тура „ВЕРА ТУР 2022“ успешно финишираше во Македонија.
Велосипедистот Александар Стојков и пратечкиот стручен и медицински тим во Македонија влегоа преку граничниот премин „Ќафасан“.
По Охрид, велосипедската тура стигна до Свети Николе од каде и тргна на самиот почеток.
Александар Стојков е успешен деловен човек со потекло од Македонија, кој вело турата ја организира во чест кон неговата мајка Вера Стојкова и како датум за финиш на трката беше избран 5 април затоа што тоа е денот кога од Ковид 19, таа починала.
Стојков вели дека трката значи „почит и кон сите оние што ги загубиле животите од злото Ковид-19, во чест на сите што не се со нас, но и во знак на почит на сите блиски околу нас, на сите родители, деца, семејства, колеги, пријатели“.
Инаку, велосипедската турнеја „ВЕРА ТУР 2022“ започна на 21 март оваа година од Св.Николе-Македонија, родното место на Вера Стојкова и се возеше низ Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Албанија при што, велосипедистите за 15 дена или 15 етапи, најчесто по ладно време, поминале околу 2.500 километри или околу 170 километри при секоја етапа.
Притоа, на велосипедистите им се придружувале и бајкери од земјите низ кои поминувале а имале само два дена пауза меѓу етапите, што е подвиг еднаков на големите велосипедски натпреварувања.
Според Стојков, „единствената разлика меѓу големите трки и оваа тура, е ревијалниот карактер кој го има ВЕРА ТУР во оваа година, меѓутоа работиме и се надеваме, дека од следната година ВЕРА ТУР ќе прерасне во традиционална трка, пред се поради карактерот, меѓутоа и затоа што на овие простори нема таква слична гранд- велосипедска тура“.
Возејќи низ Хрватска, велосипедистите од Македонија имале официјален пречек на споменикот на Тоше Проески во Нова Градишка каде положиле свежо цвеќе, ја посетиле и новозавршената Македонска црква во Загреб а биле и на спомен местото кај Ротимље-БиХ, каде во авионска несреќа загина претседателот Борис Трајковски со екипажот.
Велосипедистите возеле со специјално дизјнирана опрема за овој настан-официјален дрес, со знамињата на државите низ кои минувале, официјални маици и спортски дуксери за учесниците и за фановите, како и сета потребна професионална опрема што е потребна за организација на една ваква тура.
Според Стојков, „целта на оваа велосипедска тура е возобновување на човечките вредности, подзаборавени или изместени во последно време, враќање на соработката, разбирањето и љубовта од секаков вид, кои некогаш ги имаа, а денес помалку ги практикуваат народите кои живеат на овие простори“.
Меѓу поддржувачите на турата е и СН Осигурителен брокер АД Битола.
– Да се посветиме на здрав живот, на спорт, на толеранција, да ги почитуваме различностите како дополнителна вредност што не прави побогати, да покажеме дека границите може да ограничат еден простор или држава, но не можат да не делат и да не спречат да се почитуваме, вели Стојков според кој, „вело турата треба да прерасне во голема натпреварувачка трка на овие простори, пандан на француската (Тур де Франс), италијанската (Џиро д’Италиа) и шпанската (Вуелта а Еспања).
Велосипедистите на финишот беа пречекани со торта со фотографија од големиот вело предизвик во кој уживаа изминатите денови.
ВЕРА ТУР е повеќе од настан, ВЕРА ТУР е движење, порача Стојков.
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево14 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура18 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија8 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Хороскоп5 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин17 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато







