Спорт
ФФМ распиша конкурс за упис на тренери за UEFA со „Ц“ лиценца

Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за упис на тренери на курсот за УЕФА „Ц“ лиценца.
Услови на упис на курсот за тренер со УЕФА Ц-диплома:
– Најмалку 18 години старост;
– Најмалку 2 години активно играње фудбал во редовно младинско натпреварување при ФФМ – потврда од фудбалски клуб;
– Завршено средно образование;
– Уплата од 200 евра на ж-ска на ФФМ – со можност на плаќање на рати, 300000001599760 Комерцијална Банка;
– Задоволителна здравствена состојба – заводи за спортска медицина, се доставува при доаѓање на семинарот;
– Уплата на 35 евра за пријава и одржување на испити и издавање на диплома – лиценца – уплатницата се доставува при доаѓање на испит
Конкурсот е отворен за пријави до 30.04.2022 година, а термините за одржување ќе бидат дополнително одредени по завршување на рокот за пријавување и формирање на групата. За почеток на семинарот тренерите ќе бидат известени по пат на електронска пошта или порака.
Заинтересираните кандидати потребните документи можат да ги достават во ПДФ форма на следната емаил адреса: [email protected]
Спорт
По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Македонија Ѓорче Петров е освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија откако по пеналите беше подобар од Силекс со 4-3. Во регуларниот дел и во продолженијата немаше голови, немаше ниту шанси, во тврд натпревар во кој Македонија ЃП го имаше поседот, а Силекс шансата на мечот во регуларниот дел. Христијан Стевковски е херојот на „лавовите“ откако одбрани зицер во регуларниот дел, а потоа и одбрани два пенали во пенал серијата.
Стевковски во 57. минута му скина „зицер“ на Каланоски, и со тоа стана јунак во регуларниот дел, а потоа во продолженијата немаше ниту сила за нешто повеќе. Само една шанса преку Купер, но тоа беше се.
Стевковски го одбрани првиот шут на Алији од Силекс во првата пенал серија, а Адем погоди за водство на Македонија ЃП. Личина и Цветаноски потоа беа прецизни во втората серија, а во третата Стевковски му го одбрани пеналот на Рајков, додека Атанакоски беше прецизен, па предноста на ѓорчепетровци беше голема. Но во четвртата серија Стојчевски погоди, а не успеа паненката на Попзлатанов, па Силекс и натаму остана во игра. Но во последната серија Каланоски погоди, но погоди и Емини за голема радост на Македонија ЃП.

Facebook: ФК Македонија Ѓорче Петров 1932
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-0 пен. 4-3
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Судија: Александар Грујоски.
Ж. Картони: Алексовски, Купер, Емини (МЃП) – Каланоски, Алији, Спиркоски, Цветаноски (С).
МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Атанаскоски, Мишевски, Личина, Лазаревиќ, Адем, Емини, Воша (105’ Божиновски), Лемос (91’ Алексовски), Попзлатанов, Стојкоски (56’ Купер).
СИЛЕКС: Божиновски, Рајков, Манасиевски (77’ Танушев), Стојчевски, Љамалари, Каланоски, Спиркоски (105’ Цветаноски), Алији, Димоски (77’ Петковски), Коцев (57’ Стојчевски), Серафимовски.
Спорт
Бостон убедлив против Мајами за 1:1 во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон синоќа го совладаа Мајами на гости со 127:102 и изедначија на 1:1 во финалето од плејофот на Источната конференција на НБА лигата. На Смарт му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, бидејќи забележа 12 асистенции и девет уловени топки.
Двоцифрен учинок во победничкиот тим имаше Грант Вилијамс со 19 поени, како и Ал Хорфорд и Пејтон Причард кои постигнаа по десет.
Во редовите на Мајами најдобар беше Џими Батлер кој за 32 минути на теренот постигна 29 поени, а по 14 постигнаа Виктор Оладипо и Гејб Винсет.
Мајами подобро го отвори натпреварот и во првата четвртина стигна до десет поени предност, но Бостон го смени резултатот со серија од тројки.
Селтикси беа подобри од Мајами во 18 минута со 60:21, што им донесе предност на полувремето од 70:45.
Предноста од 25 поени на полувремето беше најголема во плејоф натпревар што една екипа ја имаше на гости.
На крајот, Бостон за малку ќе ја извојуваше најубедливата победа досега во плеј-офот, а Мајами го претрпе најтешкиот пораз. Најубедливата победа на Селтикси досега во плеј-офот е 40, а најтешкиот пораз на Мајами е 36 поени.
Следните два натпревари од оваа серија ќе се играат во Бостон, а првиот е ноќта меѓу сабота и недела.
/beta.rs/
Спорт
Прес пред големото фудбалско финале помеѓу Македонија Ѓ.П. и Силекс за Купот на Македонија

Во пресрет на утрешниот финален натпревар од Купот на Македонија меѓу екипите на Македонија Ѓ.П. и Силекс, тренерите и капитените на двата тима на официјална прес – конференција ги споделија своите очекувања за 29. финале од Купот на Македонија.
Муарем Бајрами – шеф на стручниот штаб на ФК Македонија Ѓ.П.
– “Македонија Ѓ.П. сосема заслужено е во финалето од Купот на Македонија, но знаеме што не очекува во пресметката со Силекс. Ги елиминиравме Академија Пандев, Шкупи и Струга и сосема заслужено сме во мечот за титула.
Мислам дека имаме квалитет и можеме да го освоиме трофејот. Имаме голема почит кон Силекс, тим кој е актуелен освојувач на Купот, без разлика на тоа што оваа година влегоа како второлигаш во финалето. Направивме добра анализа, гледавме повеќе нивни натпревари затоа што се немаме меѓусебен дуел една година со нив. Се работи за одличен тим, воден од тренер со којшто знаат што сакаат на теренот. Силекс условно се прошета во Втората лига, така што очекувам доста интересен натпревар, но јас верувам во мојот тим. Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме“.
Горазд Михајлов – шеф на стручниот штаб на ФК Силекс:
– “Сите знаете дека Силекс минатата сезона испадна, меѓутоа го освои Купот и ние сме бранители. Ние сме прв второлигаш во едно финале и да го брани трофејот. Како екипа се собравме минатата сезона, работите во Втората лига ги си завршивме со време и тоа ни беше приоритет. Верувам дека кој и да игра утре ќе го даде максимумот. Го респектирам противникот, до последното коло беше во игра за Европа преку лигата, па така и Македонија Ѓ.П. си ја гледа својата шанса преку Купот. Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред се ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската улога не би требало некому да му се дава, затоа што ова е финале и се е отворено. Меѓутоа, блага предност има противникот, затоа што тие, сепак, доаѓаат од повисок ранг. За мене ова е трето финале, едно освоив, едно загубив со Тетекс, па зошто да не биде трета среќа?“
Адем Ермедин – капитен на Македонија Ѓ.П.
– “Следи еден голем натпревар за нас, цела сезона се бориме за вакви натпревари. Сакаме да ја крунисаме сезоната со Куп-трофеј. Имаме респект за Силекс и можам да кажам дека не сме случајно во ова финале. Ние како екипа сме подготвени, имавме можеби најтежок пат до финалето, но ги минавме сите и тука сме. Знам дека кој и да игра во финалето ќе го даде максимумот и сакам да го освоиме трофејот и да го донесеме трофејот по долги години во Ѓорче“
Даниел Божиновски – капитен на Силекс:
– Од почетокот на сезоната претрпевме промени во тимот. Нашиот тим 95% е составен од нови играчи и фудбалери за разлика од минатата сезона. Со тек на времето, полека се воигравме, направивме резултати како што посакувавме. Приоритет ни беше влезот во Првата лига, тоа и го остварвме. Предизвик ни беше да дојдеме до финалето на Купот, еве го и тоа, па знам дека секој ќе го даде максимумот.“.
-
Кичево1 ден
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (20 мај)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (21 мај)
-
Временска прогноза1 ден
Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места
-
Спорт13 часа
По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија
-
Магазин1 ден
Употребата на мобилни телефони од страна на децата забележа најбрз раст во последните четири години
-
Магазин1 ден
Канада му забрани на Huawei да учествува во 5G мрежите
-
Временска прогноза5 часа
Предвреме летни температури, ова се најновите детали