Спорт
Извлечени паровите за Купот во фудбал, финалето е закажано за 20 мај, додека проектот училишен фудбал се одвива во повеќе основни училишта

Во „Куќа на фудбалот“ беа одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија. Пелистер за противник го доби бранителот на трофејот, тимот на Силекс, додека Струга Трим Љум за место во финалето ќе игра против Македонија Ѓ.П.
Натпреварите во Битола и Струга ќе се одиграат на 20. април со почеток во 16:00 часот. Се игра еден меч. Финалето е закажано на 20. мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со ФУСМ (Федерација на училишен спорт во Македонија), континуирано работи на проектот за училишен фудбал низ повеќе основни училишта во нашата земја.
Што се однесува до проектот на ФФМ за училишен фудбал, вкупно 76 основни училишта низ целата територија активно се вклучени и го спроведуваат него. Преку овој проект младите имаат можност активно да бидат вклучени во спортскиот круг, да се дружат со своите врсници, да играа фудбал и да ги вреднуваат вистинските вредности во животот.
Една од важните работи потенцирани во проектот за училишен фудбал е развојот на женскиот младински фудбал, а секако и да се привлечат вклучените дечиња да прдолжат да тренираат фудбал на редовна основа во фудбалските клубови.
Во продолжение, погледнете ја фотогалеријата од спортските активности на повеќе училишта низ Македонија.
Учениците од 2 и 3 одделение при ООУ„ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ” – ПРИЛЕП, наставник по ФЗО ЈАНЕ КРНЧЕ.
Учениците од 2 и 3 и 4 и 5 одделение при ООУ„Св.Климент Охридски” – Прилеп, активност со наставникот по ФЗО Александар Крстески .
Учениците од 4 и 5 одделение при ООУ„Св.Климент Охридски” – Битола, ја реализираа втората активност заедно со своите наставници по ФЗО Златко Трајчевски, Никола Трајчевски, Дарко Најдовски.
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија12 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин9 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации