Кичево
(ФОТО) Децата од кичевското ООУ „Д-р Владимир Полежиноски“ со порака – „Ширете eмпатија во нашиот прекрасен град – прекрасни луѓе!“

Кичево преплавен со кодови за скенирање
Деновиве сме сведоци на безброј кодови за скенирање низ нашиот град. Имено, доколку ги скенирате ќе видите дека содржат безброј прекрасни пораки за емпатија и добри дела сѐ со цел да ја поттикнат емпатијата во нашиот град, како помеѓу своите соученици и врсници, така и помеѓу повозрасната поплулација.
Основното училиште ООУ “Д-р Владимир Полежиноски” од 28 март до 1 април беше домаќин на Еразмус проектот – “Емпатија за толеранција и разбирање на туѓите грешки” и заедно со партнерите од Словенија, Романија и Италија работеа на темата – емпатија. Учениците од Еразмус клубот во училиштето деновиве изработија кодови и порачаа:
– „Ширете eмпатија во нашиот прекрасен град – прекрасни луѓе!“
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Временска прогноза11 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Македонија19 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт9 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје23 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили7 часа
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот