Временска прогноза
Ќе ни треба потопла облека, ова се најновите метео детали

Под влијание на влажен и ПОСТУДЕН воздушен бран од север, денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе започне да дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, со што температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, и тоа за 8 до 9 степени во споредба од оние кои ги имавме вчера и максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени. На планините и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од СНЕГ, со што ќе дојде до формирање на НОВА СНЕЖНА ПОКРИВКА, а снежната граница понекаде има услови да се спушти и до околу 1000 м.н.в и тоа особено во западните и во северните предели – вели за Еспресо, метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, за време на овој влажен бран локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог, и тоа особено во западните и северозападните предели. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО за разлика од вчера со повремени врнежи од дожд. Ќе запоне да дува и засилен ветер од северен и од северозападен правец, а ќе има услови и за ретка појава на нестабилност проследена со појава на грмежи. На околните планини ќе има услови за слаби врнежи од снег, додека максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 11 степени. Потоа од утре следува период на стабилно, суво и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСОНЧЕВО време. Наутро ќе биде ДОСТА СТУДЕНО со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, со што на повеќе места ќе има појава на МРАЗ, па така на земјоделците ги советуваме навремено да ги заштитат своите земјоделски култури, бидејќи постои ОПАСНОСТ од ПРЕМРЗНУВАЊЕ на истите.
Максималните дневни температури пак во почетокот од новата седмица ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени, а потоа ќе бележат тенденција на ПОРАСТ.
Временска прогноза
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот.
Токму ова многу топло време ќе го прекине многу ладниот Атмосферски фронт кој од 8 јули (вторник) од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот и Република Македонија.
Токму овој ладен атмосферски фронт ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе од 15 степени низ Европа и Балканот. Ова ќе услови и многу поврнежливо време со чести временски непогоди. Поради заладувањето, во Алпскиот регион ќе има и пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка.
Временски непогоди од 8 јули (вторник) го очекуваат и регионот.
Кај нас во Македонија во недела (6 јули) во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Значително освежување на времето и голем пад на температурите на воздухот, проследено со засилен ветер од северен правец од средината на следната седмица, како што погоре наведов ни следува и во Македонија, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.
Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.
И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски
-
Временска прогноза13 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Македонија21 час
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт11 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје1 ден
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили9 часа
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот