Следете не

Временска прогноза

Убавото време ќе не послужи до петок, од сабота зголемување на облачноста и локален дожд

Објавено пред

на

До петок времето ќе се задржи сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Во сабота ќе има постепено зголемување на облачноста и ќе има појава на слаб локален дожд, додека ново поголемо заладување на времето и повеќе врнежи од дожд ќе има во недела кога на планините истите ќе преминуваат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец.

Автор: Славчо Попоски за Еспресо.мк

Временска прогноза

Најава за заладување на времето и провејување снег, еве од кога..

Објавено пред

на

За време на овој викенд сеуште во Македонија ќе се задржи вистинското ПРОЛЕТНО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Сепак утре попладне и кон крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста и во северните и во источните предели ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Под влијание на ИЗРАЗЕНА влажна и нестабилна воздушна маса која ќе биде придружена со циклонската активност од запад, во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и СИЛЕН југозападен ветер. Ќе има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ.

НАГЛО и ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето кај нас ќе има во текот на ноќта понеделник према вторник и тогаш на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, но ќе слабеат на интензитет. Не се исклучува можноста за сосема слабо провејување на снег и во некои места со помала надморска височина. Сево ова ќе биде проследено и со СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец.

Веќе на средината од следната сдмица наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат ПОД НУЛАТА, со што се очекува и појава на МРАЗ, а сево ова лошо ќе влијае врз расцветаните овошки ширум Македонија. Токму поради ова, на земјоделците со време ги советуваме да ги заштитат своите земјоделски култури и тоа поради очекуваната појава на мраз во најголем дел од Македонија.

Невообичаено ниски температури во текот на следната седмица ќе имаме и низ целиот Балкан, но и низ Европа, и тоа поради спуштањето на ЛАДНАТА БОМБА од Арктикот во Европа, па дури и до јужните предели на Балканот.

Секако оваа НАГЛА и ГОЛЕМА промена на времето лошо ќе влијае и врз метеопатите, каде се очекуваат ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми. На истите им се препорачува редовно да ја земаат својата препишана терапија од својот матичен лекар, но и да побараат совет од истиот.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

„Србиноски Турс“: Останаа уште неколку празни места за на саем во Белград по одлична цена!

Објавено пред

на

Не ја пропуштајте единствената понуда да го посетите еден од најголемите саеми на автомобили и мотори 55-ти по ред во Белград со поаѓање од утре 24.03.2023.

Превозот вклучува:

➡️Посета на еден од најголемите саеми за автомобили и мотори

➡️Посета на шопинг центарот во Ушче,Калемегдан,Кнез Михајлова, Мостовите на Сава

Цена: 2.500 денари од лице.

➡️Поаѓање:

Кичево во 23:00 часот
Гостивар во 00:00 часот
Тетово во 00:40 часот
Скопје во 01:20 часот

➡️Враќање:

20:00 часот-25.03.2023

⚠️ За овој аранжман може да се патува само со лична карта.

ОСТАНА УШТЕ НЕКОЛКУ ПРАЗНИ МЕСТА, ПОБРЗАЈТЕ И НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!

За повеќе информации и резервации на:

📞 071-613-630
📞 071-223-800

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓаат вистински пролетни температури, со исклучок на овој ден каде се очекува зголемување на облачноста, ова се најновите метео вести…

Објавено пред

на

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, до крајот на оваа недела времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Исклучок ќе биде само сабота попладне кога се очекува локално зголемување на облачноста кое ќе услови локален кратотраен дожд.

Наутро температурите речиси насекаде ќе бидат над нулата, додека максималните дневни ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22, 23 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време. Ќе биде стабилно и ПРОЛЕТНО ТОПЛО со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени.

Во текот на следната седмица Балканот, како и Македонија ќе бидат зафатени од нов ЗИМСКИ УДАР. Детална анализа околу ова следува во деновите кои се пред нас.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза33 минути

Најава за заладување на времето и провејување снег, еве од кога..

За време на овој викенд сеуште во Македонија ќе се задржи вистинското ПРОЛЕТНО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во...

Македонија4 часа

(ВИДЕО) Апсење како на филм на наплатна Тетово, запленета дрога во вредност од 100.000 евра

На 24.03.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и...

Кичево7 часа

Вчера бил пријавен пожар во помошна котлара на РЕК „Осломеј“, нема повредени..

На 23.03.2023 во 12:25 часот во полициското одделение во кичевското село Осломеј пријавено е дека во помошна котлара од електраната...

Автомобили8 часа

Купувањето половен електричен автомобил може да биде ризично: Ова се најголемите проблеми

Купувањето половен автомобил треба да биде возбудливо, но недостатокот на транспарентност на пазарот на половни автомобили е фрустрирачки. Ова не...

Магазин8 часа

Еве колку би можел да чини iPhone 15

Гласините за новите телефони на Apple се шират веќе со месеци, а сега има некои информации за цената и дизајнот...

Магазин8 часа

Кои занимања би можела прво да ги замени вештачката интелигенција?

Се прашувате дали вештачката интелигенција наскоро ќе ја преземе вашата работа? Група професори од угледни американски универзитети се обиделе да...

Магазин8 часа

TikTok сега има feed посветен на науката и технологијата

TikTok работи наменски STEM (наука, технологија, инженерство и математика) што ги содржи само овие едукативни видеа. Може да научите да...

На денешен ден18 часа

Светот на денешен ден – 24 март

1401.- Во поход низ Азија и Медитеранот, татарскиот генерал Тамерлан го освоил Дамаск. 1603.- Умрела англиската кралица Елизабета Прва (Елизабета)....

Хороскоп20 часа

Хороскоп за петок (24 март)

ОВЕН Ве очекува поволен ден за работа. Можете да се надевате на разговор кој ќе биде значаен за вас. Имате...

Спорт21 час

Триумф на македонската репрезентација против Малта од 2:1 на „Тодор Проески“

Фудбалската репрeзентација на Македонија ја победи Малта со 2-1 на арената „Тодор Проески“ и успешно го отвори новиот квалификациски циклус...

НАЈЧИТАНИ