Временска прогноза
Зголемување на облачноста и појава на локален дожд. Ова се најновите метео информации за викендот

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени. Потоа утре облачноста полека ќе се зголемува и попладне и навечер ќе има појава на локален дожд. Во недела, како и во почетокот од следната недела ќе имаме значително постудено време со повремени врнежи од дожд – вели за Еспресо.мк метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Поповски локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на планините како и на повисоките места истите ќе преминуваат во врнежи од снег, со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. За време на овој влажен и студен воздушен бран, услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина, а сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе опаднат дури за повеќе од десет степени во споредба со сегашните и од недела ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 13 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.
Временска прогноза
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и од југозападен правец. Доцна попладне и навечер ќе има услови за ретка појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.
Потоа во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено високи за овој период од годината и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и максималните дневни темперратури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека пад на истите се очекува од недела.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Вечерва локално невреме во источните краеви на државата – ова се деталите

Доцна попладнево и вечерва и тоа особено во источната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силени електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално овие процеси можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа во следните денови во претпладневните часови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека во попладневните и вечерните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината , и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и на многу места истите ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата нема да биде стабилна, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Невообичаено високи температури со можност за локално невреме

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и истата условува натпросечно високи температури.
Од денес, па во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во претпладневните часови, додека во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Температурите нема многу да се менуваат во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Мал пад на истите ќе има во понеделник, но потоа температурите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава во текот на следната недела температурите се очекува да надминат 35 степени.
Автор: Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп23 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Култура10 часа
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Временска прогноза2 дена
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Скопје1 ден
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Автомобили10 часа
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Занимливости1 ден
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“
-
Магазин1 ден
Збогум на Internet Explorer