Хроника
Вчера кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело

На 11.04.2022 околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро, кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело. Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство.
Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција.
СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Хроника
ЖАЛНА ВЕСТ: Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот живот откако настрада во фатална сообраќајна незгода на мотоциклистичка трка во Чешка

По тешка несреќа што се случила во Чешка, почина Душко Чифлиганец, генерален менаџер на компанијата „Адора“ и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец. Несреќата се случила вчера околу 16 часот, кога Душко паднал од висина и се здобил со сериозни повреди на мозокот. По повеќе од 24 часа борба за живот во чешка болница, лекарите, и покрај сите напори, не успеале да го спасат.
Веднаш по инцидентот, семејството отпатувало за Чешка и заедно со лекарите ги разгледувале можностите за лекување. Душко бил во кома и приклучен на апарати за одржување во живот.
Познат по својата страст кон мотори и автомобили, Душко имал освоено повеќе награди во областа на брзинскиот мотоциклизам. Воедно, тој долги години живеел во Дубаи, каде завршил и дел од своето високо образование.
Веста за неговата смрт е потврдена од членови на семејството.
Хроника
Утрово во близина на кичевското село Црвивци се случила тешка сообраќајна несреќа каде животот го загуби едно лице

Утрово, околу 08:20ч во кичевско на локалниот пат Мамудовци-Црвивци, во близина на бензинска станица, се случила тешка сообраќајна несреќа каде според информациите од терен, животот го загуби едно повозрасно лице од локалните села, управувајќи пмв. „Волво“, најверојатно изгубил контрола од коловоз и излетал.
Екипи на Медицинска помош и ОВР Кичево веднаш излегле на терен, а поради комплексноста на случената сообраќајка на интервенција веднаш биле повикани и ТППЕ Кичево.
Повеќе информации очекуваме во билтенот за медиуми од СВР Охрид.
Апел за поголемо внимание во патниот сообраќај.
Хроника
СВР Охрид со детали за лицето кое беше најдено починато на охридско крајбрежје

На 20.07.2025 година во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато лице.
Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за М.Џ.(56) од Пожаревац, Република Србија а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (5 август)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта
-
Македонија2 дена
Предмалку земјотрес регистриран во западна Македонија, кај Тетово
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за среда (6 август)
-
Македонија2 дена
ЦУК: До моментот поради невремето, не се пријавени материјални штети или повредени лица
-
Македонија1 ден
ОВР Македонски Брод санкционира пијан возач, управувал возило со 2,39 промили среде бел ден
-
Временска прогноза20 часа
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури
-
Lifestyle1 ден
Кога е најдобро да го јадете првиот оброк ако сакате да ослабете