Кичево
Со музика за сечиј вкус и овој викенд Република 96250 ја има најдобрата агенда

Република 96250 овој велигден ќе се погрижи да не биде здодевно кога е во прашање забавата.
Со одличните настапи и избор на бендови и ди-џеи, менаџерскиот тим продолжува и овој викенд да ни приредува прекрасни забави.
Веќе во петок започнува нивната викенд агенда кога со Funk’d UP ќе можете да уживате во прекрасната музика.
Во сабота за сите љубители на рок и фанк музиката ќе се погрижи за одличниот избор на музика бендот The Groove, а за сите љубители на електронска музика може да уживаат на „Second Floor“ со Dj Vully CH и DJ Punisher.
Додека недела се разбира како и секогаш еден од најдобрите женски вокали во Македонија, Nina Janeva & 2EXIT.
Не размислувајте и овој викенд ве очекува секогаш расположениот и услужлив персонал и најдобрите бендови и ди-џеи. За сите подетални информации, но и за резервации слободно контактирајте 078-322-615
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
Кичево
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.
Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.
Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.
Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.
Кичево
(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз

Предмалку во близина на кичевското с.Зајас на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна несреќа, каде според неофицијални информации, тешко товарно возило изгубило контрола и излетало надвор од коловоз.
Подетални информации за здравјето на возачот или евентуално други учесници во сообраќајката немаме.
Увид на лице место напавила екипа од ОВР Кичево, додека за време на увидот на сообраќајната делница се создал сообраќаен метеж.
Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен на СВР Охрид.
-
Кичево6 часа
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Кичево1 ден
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Македонија14 часа
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Автомобили1 ден
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар
-
Мобилни уреди1 ден
„WhatsApp“ одстранил сериозен безбедносен пропуст за „iPhone“ уредите
-
Скопје1 ден
СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција