Кичево
(ФОТО) Локализиран шумскиот пожар над с.Туин кичевско, ова се деталите

Предмалку нашата екипа беше на терен каде беше избувнат шумски пожар во атарот над с.Туин кичевско, во непосредна близина и на с.Поповјани.
– Побаравме подетални информации од ТППЕ Кичево кои го потврдија случајот, така што ни изјавија дека пожарот е локализиран на непристапен терен, додека во текот на утрешниот ден на терен ќе излезат од „Лопушник” – Кичево.
Исто така за Порта.мк истакнаа дека нема место за паника, локализираниот пожар не е во близина на куќи и објекти и не претставува поголема опасност.
Повеќе информации очекуваме во текот на утрешниот ден.
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин1 ден
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија4 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија1 ден
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Временска прогноза1 ден
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс