Кичево
Сопрен мотоциклист од Кичево, возел со 3,15 промили алкохол и без возачка, ОВР Кичево веднаш му изрече соодветни санкции..

Денеска (28.04.2022) во 14:10 часот во Кичево од страна на полициски службеници од ОВР Кичево сопрен е мотоцикл марка „хамачи“, управуван од А.А. (34) од Кичево и при извршено алкотестирање измерени се 3,15 промили алкохол.
Исто така, утврдено е дека не поседува возачка дозвола и мотоциклот е нерегистриран. А.А. е исклучен од сообраќај и изречени му се соодветни санкции.
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
Кичево
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.
Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.
Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.
Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.
Кичево
(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз

Предмалку во близина на кичевското с.Зајас на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна несреќа, каде според неофицијални информации, тешко товарно возило изгубило контрола и излетало надвор од коловоз.
Подетални информации за здравјето на возачот или евентуално други учесници во сообраќајката немаме.
Увид на лице место напавила екипа од ОВР Кичево, додека за време на увидот на сообраќајната делница се создал сообраќаен метеж.
Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен на СВР Охрид.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (31 август)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Хороскоп20 часа
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Кичево2 часа
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Скопје2 дена
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија
-
Македонија10 часа
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Автомобили1 ден
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар