Временска прогноза
Сепак по студениот бран, следува период на значително потопло време – ова се најновите метео детали

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО за овој период од годината со повремени локални врнежи од дожд. Ќе има услови за ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени послаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.
Во следните денови пак, како што најавивме во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, минималните и тоа особено утре наутро ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните дневни во следните денови ќе бележат тенденција на ПОЗНАЧИТЕЛЕН пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
И во Скопскиот регион во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните часови повремено ќе има услови за локална нестабилност, проследена со локален пороен дожд, услови за појава на грмежи како и со засилување на ветерот. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 23 степени.
Инаку до сега најмногу дожд има наврнато во Тетово и тоа 22 л/м2 воден талог – Врнежи се забележани во поголем дел од државава во текот на изминатитње 24 часа.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот.
Токму ова многу топло време ќе го прекине многу ладниот Атмосферски фронт кој од 8 јули (вторник) од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот и Република Македонија.
Токму овој ладен атмосферски фронт ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе од 15 степени низ Европа и Балканот. Ова ќе услови и многу поврнежливо време со чести временски непогоди. Поради заладувањето, во Алпскиот регион ќе има и пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка.
Временски непогоди од 8 јули (вторник) го очекуваат и регионот.
Кај нас во Македонија во недела (6 јули) во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Значително освежување на времето и голем пад на температурите на воздухот, проследено со засилен ветер од северен правец од средината на следната седмица, како што погоре наведов ни следува и во Македонија, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.
Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.
И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски
-
Временска прогноза21 час
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Македонија1 ден
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт18 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Скопје1 ден
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили16 часа
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот