Временска прогноза
Топло со умерена облачност, еве од кога може да го очекуваме жешкото време

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во попладневните часови и тоа во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 23 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во следните денови времето ќе се задржи сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена, а утре повремено и локално и позначителна облачност. Локално, и тоа особено во вторник попладне ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и максималните дневни особено во почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, додека од средината на следната седмица во најтолите предели истите ќе се искачуваат и над 30 степени.
Временска прогноза
Од утре попладне влажен бран од Медитеранот носи обилни врнежи од дожд, ладно време и засилен ветер

По краткотрајната стабилизација на времето која ни следува во Македонија, веќе од утре попладне и навечер (четврток 15 мај) и во петок (16 мај) под влијание на голем влажен бран од Медитеранот, кај нас насекаде ќе има нови пообилни врнежи од дожд. На повеќе места ќе наврне позначително количество на воден талог, локално и над 30 литри дожд.
– Утре (четврток 15 мај) повремено и особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, а во петок (16 мај) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Исто така во петок (16 мај) од север и од североисток кон Македонија ќе се спушта значително поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите, и тие ќе бидат далеку под просекот за месец мај.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, со што ќе се формира и снежна покривка (на повисоките височини над 1600/1700 метри со висина од над 10/15 cм).
Во Скопје и околината за време на овој голем Медитерански влажен бран ќе има врнежи од дожд, повремено пообилни и проследени со повремено засилен ветер (утре четврток 15 мај) од јужен и од јгуоисточен, а во петок (16 мај) од северен правец.
- Што се однесува до температурите, тие најниски ќе бидат во петок (16 мај) кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, меѓутоа, ноќта кон сабота тие дополнително ќе опаѓаат.
Потпросечните температури за месец мај ќе продолжат и за време на викендот, кога исто така ќе има појава на повремен локален дожд, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (13 мај)
-
Спорт11 часа
(ФОТО) Фудбалерите на „ФК Кичево“ – Матески и Димоски денес дебитираа за националниот дрес на мечот Македонија – Словенија до 14 години
-
Кичево1 ден
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за среда (14 мај)
-
Македонија21 час
Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација
-
Храна2 дена
Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот
-
Магазин19 часа
Започнува летната сезона 2025, време е да го резервирате вашиот одмор, а „Минт (ЈК Травел)“ – Кичево ги има најдобрите понуди за вас
-
Скопје2 дена
СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди