Временска прогноза
Доаѓа период на значително затоплување на времето

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно ТОПЛО со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот особено долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Според Попоски за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе се задржи сончево и ТОПЛО со умерена локална, повремено и позначителна облачност. Особено во планинските региони ќе има услови за локален краткотераен дожд и ретки грмежи.
Што се однесува до температури, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека уште малку потопло ќе биде на самиот почеток од следната недела кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Временска прогноза
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..

Под влијание на многу топлата воздушна маса од Африка, до четврток времето во Македонија ќе се задржи многу топло и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови и понатаму во следните денови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, а малку пониски температури ќе имаат северните и североисточните предели од државава.
Освежување на времето, засилен северен ветер, како и нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи и нестабилност ќе има во петок. Исто така од петок температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.
Локални врнежи и нестабилност ќе има и за време на викендот. И во Скопскиот регион од петок па натаму температурите позначително ќе опаднат.
Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер, а и понатаму ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и во текот на следните неколку денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, силни и чести електични празнења, интензивен пороен дожд и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени а Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.
И во Скоспкиот регион ќе имаме слично време, повремено со услови за попладневна локална нестабилност. Освежување на времето ќе има од петок, односно од 8 јули и тоа проследено со пад на температурите и со засилен северен ветер – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица продолжува периодот на многу топло и сончево време. Сепак, во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на краткотрајно невреме.
Температурите ќе се движат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели ќе се искачат и до 40 степени.
УВ-индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова препорачуваме да се заштитувате – за Еспресо вели Славчо Попоски и напоменува дека поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево1 ден
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин1 ден
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Хроника2 часа
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
-
Македонија24 часа
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Временска прогноза1 ден
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..
-
Автомобили1 час
Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки
-
Македонија2 дена
Мало намалување на цената на бензинот, додека дизелот останува непроменет