Македонија
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава
На 16.05.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик, извршено од страна на три лица, од кои еден државјанин на Белгија.
Имено, белгискиот државјанин Л.Д.С. во временскиот период од февруари до мај 2022 година, со намера да овозможи вршење полови дејствија со дете или други форми на сексуална експлоатација во Белгија, планирал и со лицата Е.А. и Ф.Б. -родители на детето, договорил склучување на присилен брак помеѓу него и нивната малолетна ќерка , односно дете со неполни 14 години.
Заради остварување на својата намера да го однесе детето во Белгија, Л.Д.С. во повеќе наврати престојувал на територија на Република Северна Македонија. Со цел да се обезбедат лични документи за патување за детето , Л.Д.С. на родителите на детето им дал околу 2.500 евра, и во неколку наврати преку брз трансфер на пари Union“ од Белгија на Е.А. му испраќал парични средства во различен износ.
Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 16.05.2022, извршен е претрес на дом и други простории каде времено престојуваат Е.А. и Ф.Б. во Струга, од каде е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело, додека на Меѓународен аеродром – Скопје е извршен претрес над лицето Л.Д.С., по што трите лица се лишени од слобода.
Истиот ден (16.05.2022), ОСОСК-СКИ-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против Л.Д.С. (38) од Белгија и Е.А. (33) и Ф.Б. (34) од Скопје, а со привремен престој во Струга, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418- г став 2 од КЗ. Денеска (17.05) лицата ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.
Извор: МВР
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Кичево9 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп5 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина10 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
