Спорт
Златниот симбол и оригинален трофеј од FIFA World Cup™ денеска беше официјално презентиран во Скопје

Трофејот пристигна во Скопје како дел од турата на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola. Златниот симбол на светското фудбалско единство пристигна заедно со амбасадорот на турнејата на трофејот, бразилската фудбалска икона Жилберто Силва.
Дом на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј денес беше Пивара Скопје, официјалниот претставник на The Coca-Cola Company во нашата земја. Трофејот беше откриен во историски момент од страна на г. Стево Пендаровски – Претседател на Република Македонија и фудбалската легенда Жилберто Силва, во присуство на г. Ламбро Патче – Директор за корпоративни политики и одржливост, г. Муaмед Сејдини – Претседател на ФФМ, г. Лука Сантандреа, генерален менаџер на франшиза на the Coca-Cola Company, како и во присуство на претставници на медиумите од целата земја.
Овогодишната турнеја FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola досега пропатува повеќе од 750.000 километри и е дел од кампањата на Светското првенство на ФИФА што ќе се одржи во Катар во 2022 година. Овогодишната глобална турнеја на трофејот ќе патува во 51 земја, вклучувајќи го и нашиот главен град – Скопје, овозможувајќи им на македонските фудбалски обожаватели да уживаат во фудбалската магија.
Официјалните изјави може да ги проследите ТУКА
Спорт
Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки. РБ Лајпциг, актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец, не е подготвен да дозволи уште една позајмица, што ги комплицира плановите на италијанскиот клуб.
Елмас минатата сезона ја заврши како позајмен играч во Торино, каде што во 13 натпревари постигна четири гола и остави одличен впечаток. Иако самиот фудбалер е заинтересиран да остане во клубот, германскиот тим смета дека може да добие поповолна понуда од друг клуб, што ги отежнува шансите на Торино.
– Во меѓувреме, изненадувачки се појави Наполи како потенцијална дестинација за Елмас. Клубот, каде што тој настапуваше од 2019 до почетокот на 2024 година, повторно го разгледува неговото враќање, особено поради неговата разноврсност и способност да постигнува и асистира од средниот ред. Навивачите сè уште го паметат со симпатии, што би го олеснило неговото адаптирање.
Наполи веќе се интересираше за него во јануари, но тогаш немаше слободни места во тимот. Сега, со Антонио Конте на чело и потребата од играч со квалитетите на Елмас, неговото враќање би било посебен момент и за клубот и за фановите, пренесува gazetaexpress.com
Спорт
Рома најблиску до Санчо, крилниот напаѓач на „црвените ѓаволи“

Џејдон Санчо, крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, би можел наскоро да ја продолжи кариерата во Рома. Италијанскиот клуб започна конкретна офанзива за неговиот потпис, откако пропаднаа разговорите што англискиот репрезентативец ги водеше со Јувентус и Наполи. Според таборот и јавноста, како опција беше и враќање во Борусија Дортмунд, но понудата од Германците не беше доволно конкретна.
Сега Рома е најблиску до ангажманот на Санчо. Манчестер Јунајтед е подготвен да го испрати на позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп следното лето. Англискиот клуб бара 20 милиони фунти (околу 23 милиони евра), сума што Рома би ја платила по завршувањето на сезоната, заедно со преземање на поголемиот дел од неговата плата.
Новото тренерско име на клупата на Рома, Џан Пјеро Гасперини, верува дека може да го врати Санчо на вистинскиот пат и да го извлече неговиот потенцијал, кој досега ретко доаѓал до израз.
Покрај Санчо, Рома работи и на трансферот на Леон Бејли од Астон Вила – уште едно крило кое би ја зголемило конкуренцијата во офанзивниот дел на тимот. За потсетување, ова лето клубот веќе го засили и младиот напаѓач Еван Фергусон, кој пристигна на позајмица од Брајтон, пренесува sportske.net
Спорт
Младиот штопер Џовани Леони доби дозвола да отпатува за Ливерпул

Во средата навечер беше постигнат договор, според кој Ливерпул ќе ѝ плати на Парма 26 милиони фунти плус бонуси за 18-годишниот Џовани Леони. Играчот доби дозвола да отпатува во Ливерпул во четврток, каде што ќе ги договори личните услови и ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи.
Планот е Леони веднаш да се приклучи на првиот тим, без намера за негова позајмица – барем засега, според првичните информации. Ливерпул активно бара нов централен дефанзивец, со оглед на тоа што Ибрахима Конате влегува во последната година од својот договор.
Леони се приклучи на Парма минатото лето, кога пристигна од Сампдорија за 4,8 милиони евра. Во Серија А има 17 настапи и еден постигнат гол за Парма.
-
Кичево3 часа
ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (18 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (17 август)
-
Временска прогноза2 дена
Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија
-
Македонија2 дена
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!
-
Скопје1 ден
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта
-
Кичево31 минута
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Македонија19 часа
Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа