Спорт
Судиска анализа од бараж натпреварите одиграни во неделата

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од бараж натпреварите за ПРВА МФЛ 22/23 година и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Скопје – ФК Беласица, одигран на 22.05.2022 година, анализирани се ситуациите 39, 45+2 и 56 минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;
39. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)
Во шеснаесетникот на Беласица, играч од нападот на Скопје беше во посед на топката, на него стартуваше играч од одбраната на Беласица и дојде до минимален контакт во пределот на ногата. Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, контактот беше минимален и недоволен за да се досуди удар од 11 метри. Во оваа ситуација имаше одлична комуникација помеѓу главниот судија и вториот помошен судија
40+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)
Во шеснаесетникот на Беласица и странично од голот, играч од нападот на Скопје ја имаше во посед топката и шутна кон голот, пред него имаше играч од одбраната на Беласица со рацете споени до тело и топката го удри играчот во раката која беше до телото. Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, немаше елементи за да се додуди удар од 11 метри, бидејки раката беше споена до телото во моментот кога го удри топката.
56. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)
Играч на Скопје беше во напад, додаде топка до свој соиграч кој во моментот на додавање беше понапред од претпоследниот играч од одбраната на Беласица и постигна гол. Исправна одлука на првиот помошен судија голот да не го признае и да досуди офсајд позиција, бидејки при примање на топката играчот на Скопје се наоѓаше пред претпоследниот играч од одбраната на Беласица.
На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Воска одигран на 22.05.04.2022 година, немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа.
Како судиска комисија сакаме да им честитаме за одличната арбитража на судиските тимови од бараж натпреварите.
Исто така, честитки и до цела судиска четворка за одличното судење на финалето на Купот на Македонија помеѓу ФК Македонија – ФК Силекс кој се одигра на 20.05.2022 година.
Што се однесува до репрезентативните натпревари, нашата репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни меча на гостински терен против селекцијата на Австрија.
Првиот контролен натпревар е закажан на 25. мај со почеток од 18. часот. Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка со почеток од 11. часот.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 17 години, Тони Јакимовски, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Петар Јакимов (Работнички), Диел Доко (Њу Старс), Андреј Аризанкоски (Победа), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Даниел Марковски (Вардар), Давид Даилоски (Нец Нијемиген, Холандија), Абиола Бамијоко (ППЈ, Финска), Хадис Таири (Велешта), Касим Јакупи (Вил, Швајцарија), Давор Серафимов (Вардар), Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓорѓиевски (Академија Пандев), Ѓорги Дошев (Вардар), Дестан Адили (Работнички), Зани Назифи (Шкендија), Лорик Мухтари (Хамбург, Германија), Кире Стојанов (Академија Пандев), Теодор Николовски (Работнички), Никола Стојков (Работнички), Никола Величковски (Вардар), Фикрет Ливарека (Скопје);
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
Спорт
Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.
Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.
Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.
Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.
Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.
ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!
Извор: ФФМ
-
Хроника1 ден
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево1 ден
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (6 октомври)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Временска прогноза2 дена
Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег
-
Македонија22 часа
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија6 часа
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника1 час
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ