Кичево
Урбана викенд програма во Република 96250

Петок (27.05.2022) го резервираме за љубителите на електронката музика диригирана од локалниот DJ PUNISHER, почеток во 21:00h (Second floor).
Забавата продолжува и оваа сабота, 28.05.2022. со Laura Krliu & Diamond Balazhi, Оливер Стојкоски (Drums), Кико Јапер (Bass). Република 96250 ве поканува на одлична забава, почеток 21:30 часот.
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Временска прогноза8 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Македонија15 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт5 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје19 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Lifestyle4 часа
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови