Спорт
Милевски: „Имаме неколку фудбалери кои се неизвесни за настап поради настинка, наша обврска е да го даваме максимумот“

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и капитенот Енис Барди одржаа прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Гибралтар на Националната арена „Тодор Проески“ од 4. коло во групата од Лига на нации.
Благоја Милевски:
„Александар Трајковски нема да биде во комбинација поради повреда, Елмас е под знак прашалник, имаме неколку играчи кои исто така се неизвесни за настап поради настинка. Голем број од играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено, во кој состав ќе истрчаме на терен, ќе мора да почекаме сите заедно да видиме кој ќе биде подготвен. Сите фудбалери конкурираат за настап, што се однесува до Етеми, тој може да дебитира на овој дуел.
Наша обврска е да бидеме на нивото и да го даваме максимумот. Мора да се стават сите во функција на тимот и да бидат на нивото кое се очекува код нас. Имаме почит кон секој противник, тоа се однесува и на утрешниот натпревар. Ние бевме доминантни на претходните натпревари, но мора да бидеме многу повеќе конкретни во завршната фаза“.
Енис Барди:
„Не боли секој пораз. Но, мора да мислиме напред. Јас можам да гаранирам дека секој играч го дава максимумот, но фудбалот понекогаш е таков. Мора да се оди напред и да одиме кон нашата цел. Мора да продолжиме да играме добро, а атмосферата во тимот уште е истата и посакуваме подобри резултати“.
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (12 мај)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за вторник (13 мај)
-
Кичево9 часа
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Македонија2 дена
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста
-
Македонија53 минути
Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација
-
Храна19 часа
Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот
-
Скопје19 часа
СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди
-
На денешен ден9 часа
На денешен ден – 13 мај