Спорт
ФФМ организатор на првиот фитнес судиски семинар надвор од рамката на УЕФА. Пријавени интернационални судии од десет држави во регионот

Фудбалската федерација на Македонија го организира првиот регионален фитнес камп за судии надвор од рамката на УЕФА.
Нашата федерација е иницијатор и целосно го организира кампот на кој ќе учествуваат вкупно десет држави од регионот претставувани со по две судиски тројки, една машка и една женска судиска тројка.
На судискиот камп кој на овој начин се организира за прв пат воопшто во Европа, пријавени се интернационални судии од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија, Бугарија, Албанија и Македонија. Судиите кои ќе ја следат тродневната програма ќе имаат можност да се запознаат со најновите програми и потреби за натпреварувањата во рамки на УЕФА фудбалската федерација на Македонија за потребите на судискиот камп успеа да го обезбеди за предавач главниот тренер на УЕФА, Вернер Хелсен, кој ги селектираше и подготвуваше судиите за последните три Светски првенства и последните шест Европски првенства.
За главниот тренер на УЕФА за подготовката на судии, гостувањето во Македонија на покана на ФФМ се случува по вторпат, откако во октомври 2021 година беше предавач на семинарот за сите национални главни и асистенти судии од Прва и Втора МФЛ.
Теоретските и практичните сесии од претстојниот камп ќе бидат реализирани од нашиот национален фитнес тренер за фудбалски судии, Сашо Даневски, кој воедно е првиот македонски кондициски тренер ангажиран од страна на УЕФА.
Фудбалската федерација на Македонија со низата реализирани активности во изминатите три години, добива позитивна препорака од европската конвенција на УЕФА и служи како позитивен пример за напредок, имплементација и спроведување на потребните судиски стандарди и норми.
– Под покровителство на Фудбалската федерација на Македонија од 24. до 26. јуни ќе бидеме организатори на првиот балкански фитнес камп за судии надвор од рамка на УЕФА. Семинарот содржи практичен и теоретски дел и сметаме дека ќе има големо значење за судиите за нивниот напредок. Последно сме горди што ФФМ е покровител на семинарот и од име на целата наша судиска организација упатувам голема благодарност до раководството на федерацијата, изјави Димитар Мечкаровски, претседател на Судиската организација во рамки на ФФМ.
Спорт
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат во рамките на системот на ФФМ. Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, како и од Втората и Третата младинска лига, добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци) и дополнително по 30 фудбалски топки.
На свеченото доделување, што се одржа во „Куќа на фудбалот“, присуствуваа претставници на клубовите, а чест да ги поздрават имаа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, кои испратија порака за понатамошна поддршка и заеднички развој на младинскиот фудбал.
Со оваа донација опфатени се 1.848 млади фудбалери, а нејзината вкупна вредност изнесува околу 150.000 евра, средства целосно обезбедени од ФФМ.
Повеќе за ова ќе најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)
Спорт
Офанзивецот на „црвените ѓаволи“ на чекор до шпански Бетис

Бразилскиот офанзивец на Манчестер Јунајтед, Антони, се наоѓа на чекор до повторно приклучување во редовите на Бетис, откако двата клуба најдоа заеднички јазик околу надоместокот за трансферот.
Според информациите на „Атлетик“, англискиот клуб ќе инкасира 25 милиони евра од продажбата, а ќе задржи и 50% од евентуалната негова идна препродажба.
Со ова решение е надмината клучната пречка – андалузискиот тим немаше финансиска моќ да понуди повеќе, но доколку Антони повторно заблеска во зелено-белиот дрес, Јунајтед може да оствари дополнителна заработка.
Антони пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година од Ајакс за 95 милиони евра, каде повторно соработуваше со својот поранешен тренер Ерик тен Хаг. Сепак, тешкотиите со адаптацијата и ограничената минутажа, дополнети со недоразбирањата со новиот стратег Рубен Аморим, доведоа до тоа неговото заминување да стане неизбежно.
Минатата пролет 25-годишникот настапуваше како позајмен играч во Бетис и остави одличен впечаток – на 26 средби постигна 9 погодоци и запиша 5 асистенции. Од тој момент клубот од Севилја постојано настојува да го врати во своите редови, но Јунајтед инсистираше на повисока сума.
Сега, откако не е дел од плановите на Аморим, постигнат е компромис и Бразилецот ќе се врати на „Бенито Виљамарин“.
Во меѓувреме, Бетис ја започна новата сезона во Ла Лига со осум бодови по првите четири натпревари и по паузата за репрезентативни настапи го очекува гостување кај Леванте.
Извор: thesun
Спорт
Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија

Кошаркарската селекција на Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја Литванија со убедливи 107:88 во рамки на третото коло од групата Б.
Главна фигура на натпреварот беше Денис Шредер, кој блескаше со 26 поени и 10 асистенции, а покрај него се истакна и Франц Вагнер со 24 поени и 7 скока. Даниел Тајс имаше беспрекорно издание – постигна 23 поени со шут 9/9 од игра. На спротивната страна, Рокас Јокубаитис беше најефикасен за Литванија со 20 поени, додека Јонас Валанчиунас придонесе со 14.
Сепак, дуелот не мина без сенка. За време на паузата на полувремето, дел од литванските навивачи се однесуваа расистички кон темнокожите играчи на германската репрезентација.
🇩🇪 Dennis Schroder revealed that he was the target of “monkey noises” during the game against Lithuania!
Racism has no place in sports or in real life ✊🏿 pic.twitter.com/ARwFIKqCe5
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 30, 2025
– „Навистина е разочарувачки – се слушаа непристојни звуци од трибините. Тоа нема место ниту во кошарката, ниту во било кој спорт,“ изјави Шредер за МагентаСпорт по натпреварот. Тој додаде дека некои навивачи биле отстранети од арената, а ваквите инциденти спореди со ситуациите што ги доживува Винисиус Жуниор во фудбалот.
Неговиот соиграч Исак Бонга рече дека не ги забележал навредите бидејќи бил фокусиран на играта, додека помошниот тренер Алан Ибрахимагиќ потврди дека во соблекувалната немало дискусија на оваа тема.
Со овој триумф, Германија останува непоразена и го зацврстува првото место во групата, додека Литванија падна на скор од две победи и еден пораз
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (31 август)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Хороскоп20 часа
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Кичево2 часа
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Временска прогноза2 дена
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Скопје2 дена
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија
-
Македонија10 часа
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Автомобили1 ден
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар