Следете не

Гејминг

Diablo Immortal досега има заработено 24 милиони долари

Објавено пред

на

Две недели по објавувањето, Diablo Immortal на Blizzard заработи околу 24 милиони долари. Бесплатната игра е преземена скоро 8,5 милиони пати во истиот временски период, а 26% од преземањата доаѓаат од САД.

Diablo Immortal најголемиот дел од приходите ги заработи во САД

Најголем дел од приходите на Blizzard од Diablo Immortal исто така доаѓаат од Америка. До денес, американските играчи придонесуваат со околу 43% од вкупната заработка во играта. И покрај гласната реакција на системите за монетизација на Immortal, постои загриженост кај многу фанови бидејќи Blizzard би можел да продолжи да ги монетизира своите идни игри.

Засега тој страв изгледа неоснован. Генералниот директор на франшизата на Diablo, Род Фергусон неодамна изјави дека Diablo IV ќе има различен сет на системи за монетизација од Immortal. D4 е игра со полна цена направена за публиката на PC / PS / Xbox, напиша тој на Твитер откако играта неодамна беше прикажана на неодамнешната презентација на „Summer Game Fest“ на Microsoft.

Извор: Engadget

Гејминг

Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена

Објавено пред

на

Фото: Fredrick Tendong @ unsplash

Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од лансирањето. Веста пристигнува само неколку дена откако EA објави дека компанијата станува приватна, во зделка вредна 55 милијарди долари.

Импресивни бројки на почетокот

Според податоците, играчите во првите денови одиграле повеќе од 172 милиони онлајн натпревари, а стриминг платформите забележале над 15 милиони прегледи поврзани со играта.
Овие бројки ја прават најуспешната премиера во историјата на франшизата Battlefield. За споредба, претходното издание, Battlefield 2042 (2021), продаде околу 4,2 милиони примероци во првата недела.

Реакции од EA

„Прво и најважно, сакаме да им се заблагодариме на нашите играчи,“ изјави генералниот менаџер на франшизата, Бајрон Бид.
„Никогаш не ги земаме ваквите моменти здраво за готово, па затоа сакам да ја изразам нашата искрена благодарност до нашите глобални Battlefield Studios и страствената заедница што ни помогна да стигнеме до оваа точка,“ додаде Винс Зампела, извршен потпретседател на EA.

EA станува приватна компанија

Лансирањето на играта се совпадна со веста дека EA ќе премине во приватна сопственост. Новите сопственици се Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (PIF), како и компаниите Silver Lake и Affinity Partners.
Сепак, дел од синдикално организираните вработени во EA изразија загриженост за зделката, предупредувајќи дека „со приватизација, работниците губат транспарентност, видливост и моќ“.

Достапност

Battlefield 6 официјално беше објавена на 10 октомври, и е достапна за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X/S.
Првата сезона на дополнителна содржина ќе пристигне на 28 октомври.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

Објавено пред

на

Фото: appshunter.io @ unsplash

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.

Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“

Како започна конфликтот?

  • Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.

  • Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.

  • Apple остана без вообичаената провизија од 30%.

  • Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.

Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.

Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kerde Severin

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.

Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.

„Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.

Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.

Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: nrd @ unsplash Фото: nrd @ unsplash
Магазин2 часа

Крем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк

Ако сакате нешто кремасто, миризливо и пријатно за ладните денови, оваа домашна крем супа од печурки е вистинскиот избор. Лесна...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин2 часа

WhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки

Популарната апликација за пораки WhatsApp воведува нова мерка за борба против спам, со која ќе се ограничи бројот на пораки...

Фото: Hydra 4x @ unsplash Фото: Hydra 4x @ unsplash
Lifestyle2 часа

Најефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите

Мувлата е чест проблем во домовите, особено во текот на зимата кога во просториите се собира кондензација и влага. Таа...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин2 часа

OpenAI влегува во војната на прелистувачите: ChatGPT Atlas ја носи вештачката интелигенција директно на интернет

Компанијата OpenAI го претстави својот прв веб-прелистувач под името ChatGPT Atlas, правејќи голем чекор кон спојување на интернетот и вештачката...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за среда (22 октомври)

Овен Успевате да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваа изминатиот период. Денеска ќе се чувствувате многу подобро. Имате потреба...

Фото: Dominik @ unsplash Фото: Dominik @ unsplash
Lifestyle1 ден

За само 10 минути, вашите фуги ќе блеснат како нови: трик што ја враќа белината без многу трошок

Со текот на времето, фугите меѓу плочките потемнуваат, стануваат валкани и тешко се чистат. Наместо да користите силни средства како...

Магазин1 ден

(ФОТО) По 25 години во „Бигорскиот манастир“ се враќа копаничарската колонија

По дваесет и пет години враќање „на изворот“, со благослов на нашиот старец, преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј во Бигорскиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (21 октомври)

ОВЕН Постојат важни цели што можете да ги постигнете во различни фази или во некои решенија. Се грижите за осмислување...

Македонија2 дена

Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

Фото: Fredrick Tendong @ unsplash Фото: Fredrick Tendong @ unsplash
Гејминг2 дена

Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена

Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од...

НАЈЧИТАНИ