Кичево
На кичевска „Ужичка Република“ каснат малолетник од куче, додека жител на с.Зајас бил удрен од автомобил

Вчера на 18.07.2022 година, З.М.(46) од Кичево, во полициска станица пријавил дека неговиот малолетен син на улица „Ужичка Република“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
Истиот ден на 18.07.2022 во 21.40 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Зајас, патничко моторно возило „Рено Сеник“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(58) од селото Лешница, удрило во пешакот А.Ш.(18) од селото Зајас.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево, за ПортаМК извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија16 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Магазин18 часа
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хроника2 дена
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Македонија23 часа
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
Охридската полиција спаси четири лица од пловен објект, откако вчера им се скршил дел од едрилицата